Снешко — статуа изработена од снег во облик на човек. Типичниот Снешко се состои од три големи снежни топки со различна големина, како и некои додатоци како замена за рацете (најчесто, гранки), за носот (најчесто, морков), за устата, итн.

Снешко како мотив во уметноста и во популарната култура мини|Снешко во Винона Лејк, Индијана, САД. „Снешко“ — поетска збирка на македонскиот писател Славко Јаневски од 1948 година. „Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо“ — книга на македонскиот писател Александар Кујунџиски од 2006 година. „Спаси го“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 50. „Снешко-Митев“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 38. „Снешко“ (англиски: Snowman) — песна на британската панк-рок група Anti Nowhere League од 1982 година.YouTube, Anti Nowhere League- Snowman (пристапено на 25.12.2016) „Снешко сака да се вози“ — песна за деца на македонскиот композитор Стефан Гајдов од 1970 година.

Наводи

Категорија:Статуи Категорија:Игри