Марин Стојанов Дринов (, ; 20 октомври 1838 — 13 март 1906) — истакнат бугарски историчар, филолог и општественик, еден од најважните дејци на бугарската преродба и еден од зачетниците на бугарската историографија. Роден во Панаѓуриште, образование стекнува во Русија (Киев и Москва), каде дипломирал историја и словенска филологија. Во 1869 година е меѓу основачите на Бугарското книжевно друштво во Браила (денес Бугарска академија на науките), чиј прв претседател станува. Најголемиот дел од животот го минал во Русија, главно во Харков, каде од 1873 година е професор по словенска историја на Харковскиот универзитет. Автор е на клучни дела за средновековната бугарска и јужнословенска историја, особено значајни се неговите истражувања за потеклото на бугарската држава, односите меѓу Јужните Словени и Византија во X век и етногенезата на Бугарите.

За време на привремената руска управа во Бугарија (1878–1879) Дринов е министер за народна просвета и духовни дела и активно учествува во градењето на ослободената држава. Тој е еден од главните творци на Трновскиот устав, предлага Софија да стане престолнина (наместо Трново) и воведува стандардизирана кирилица со 32 букви, која се користи во Бугарија сѐ до правописната реформа во 1945 година. Неговото гледиште за јазичното прашање — отфрлање на мешана источна и западна (вклучително македонска) основа за книжевниот јазик — има трајно влијание врз развојот на бугарскиот литературен јазик. Починува во Харков во 1906 година од туберкулоза; во негова чест се именувани улици, училишта, издавачката куќа на БАН „Проф. Марин Дринов“ и врвот Дринов на Антарктикот.

Животопис

Ран живот и образование мини|лево|Бугарски студенти во Москва во 1861 год. меѓу кои и Марин Дринов Роден е во Панаѓуриште во 1838 година. Неговиот помлад брат, Најден Дринов, подоцна станал револуционер. Марин добил основно образование во родниот град, каде се запознал со идеите на Бугарската преродба преку локалните учители.

Во 1858 година, на 20-годишна возраст, Дринов заминал за Русија за да го продолжи образованието, што било вообичаена практика за многу млади Бугари во тој период. Прво студирал на Киевската духовна семинарија (1858–1861), а потоа се запишал на Историско-филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет, каде студирал историја и филологија (1861–1865). Неговите студии биле под влијание на истакнати руски научници, а тој особено се интересирал за словенската историја и култура. По завршувањето на студиите, Дринов продолжил со истражувања во Австрија и Италија меѓу 1865 и 1871 година, каде што проучувал архивски материјали и се занимавал со славистика.

Основање на Бугарското книжевно друштво мини|десно|Марин Дринов со сопругата Маргарита Вилијамс Во 1869 година, Дринов станал еден од основачите на Бугарското книжевно друштво (денес Бугарска академија на науките) во Браила, Романија. Оваа организација имала за цел да промовира бугарска наука, култура и образование во услови на османлиско владеење. Дринов бил избран за нејзин прв претседател (1869–1878, а подоцна и 1878–1882 и 1884–1898) и одиграл клучна улога во нејзиното формирање и развој. Друштвото започнало со издавачка дејност, објавувајќи го „Периодично списание“ во 1870 година, кое станало важен медиум за научни трудови.

Одиграл пресудна улога во стандардизацијата на бугарскиот јазик. Веќе во 1870 година го отфрлил предлогот на Кузман Шапкарев за мешана источна и западна бугарска-македонска основа за стандардниот јазик, наведувајќи: „Таков вештачки склоп на пишаниот јазик е нешто невозможно, недостижно и не е чуено дека тоа се случило некаде“.Makedoniya 31 July 1870Tchavdar Marinov. In Defense of the Native Tongue: The Standardization of the Macedonian Language and the Bulgarian-Macedonian Linguistic Controversies. in Entangled Histories of the Balkans - Volume One. DOI: https://doi.org/10.1163/9789004250765_010 p. 443Благой Шклифов, За разширението на диалектната основа на българския книжовен език и неговото обновление. "Македонската" азбука и книжовна норма са нелегитимни, дружество "Огнище", София, 2003 г. . стр. 7-10. Овај став на Дринов го критикувале некои современи бугарски лингвисти како Благој Шклифов.

Во една статијата објавена во „Периодичното списание на бугарското книжевно друштво“ од 1876 година како одговор на критиките на г-н Крстович, Дринов, бранејќи ги своите ставови за новобугарската азбука, како и употребата на двете букви, ъ и ѫ, нагласува дека ги користи на тој начин поради разликите со македонските говори. Имено, Крстович сметал дека бугарскиот јазик имал потреба само од буквата ѫ во средината на зборовите, со кој се бележи темниот вокал, но Дринов имал добро познавање дека во македонските говори тој полуглас е целосно вокализиран.

Политичка дејност лево|мини|Професор Дринов како дел од времената руска управа на Кнежевството Бугарија по ослободувањето. По Руско-турската војна (1877-1878), која доведе до ослободувањето на Бугарија, Дринов се вратил во Бугарија и активно учествувал во организацијата на новата држава. За време на привремената руска управа (1878–1879), тој бил назначен за заменик-гувернер на Софија, а потоа и за помошник на рускиот комесар Дондуков-Корсаков. Оваа позиција му овозможила да влијае врз административните одлуки во раните денови на ослободувањето.

За време на времената руска управа во Бугарија (1878 — 1879) Дринов бил министер за народна просвета и духовно дело. Учествувајќи активно во организирањето на новоослободената бугарска држава, Марин Дринов е познат како еден од авторите на Трновскиот устав, како личност која ја предложила Софија наместо Трново (кое било фаворизирано од австриските дипломати) за нова бугарска престолнина и личност која го вовела стандардизираното издание на кирилицата од триесет и две букви кое се користело во Бугарија до правописната реформа од 1945. Првиот правопис на стандардниот бугарски јазик, воведен со одлука на министерот за просвета Тодор Иванчов во 1899 година, му се припишува на Дринов. Бугарскиот јазик претрпел три правописни реформи во: 1921, 1923 и 1945.

Наследство мини|Спомен претстава на Марин Дринов во Историскиот музеј Панаѓуриште Кон крајот на 19 век, жителите на селото Бахшишлар, денешно Дриновско, решиле да го преименуваат во чест на познатиот професор Марин Дринов, испраќајќи му посебна делегација. Со негова согласност, делегацијата се врати во Дриново со подароци од професорот - црковни книги, прибор и црковни одежди за свештеникот.

Дела

Книги Дринов, М. Поглед върху произхождението на българския народ и началото на българската история. Пловдив-Русчук-Велес, 1869 Дринов, М. Исторически преглед на Българската църква от самото ѝ начало и до днес. Виена, 1869 Заселение Балканскаго полуострова славянами (1872) Южные славяне и Византия в Х веке (1876) Дринов, М. Новый церковно-славянский памятник с упоминанием о славянских первоучителях. – Журнал Министерства Народного Просвящения, Ч. 238. Санкт-Петербург, 1885, 174-206 (отд. отп.) Дринов, М. Съчинения. Т. III. С., 1915 Дринов, М. Избрани съчинения. Т. I-II. Под ред. на Иван Дуйчев, София, 1971

Статии

Дринов, М. О некоторых трудах Димитрия Хоматиана, как историческом материале. I. – Византийский временник, Т. I (1894), 319-340 Дринов, М. О некоторых трудах Димитрия Хоматиана, как историческом материале. II. – Византийский временник, Т. II (1895), 1-23

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бугарски историчари Категорија:Русофили Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките Категорија:Родени во 1838 година Категорија:Починати во 1906 година