Свети Архангел Михаил — главна селска црква во битолското село Средно Егри, Македонија.

Црквата е прогласена за споменик на културата на Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, околу која се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Храмот бил подигнат во 1830 година.

За време на Првата светска војна во дворот на црквата бугарската војска ги погребала нејзините поручници Христо Хинов и Лаљу Лазаров, загинати на 30 октомври и 6 ноември 1916 година во с. Кременица (Кенали).ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 192, л. 70

Бидејќи селото Средно Егри било поделено на влијанија на Патријаршијата и на Егзархијата, оваа црква била во служба на патријаршистите.

Оттогаш е обновуван; сегашната фасада е од тули. Денешната камбанаријата е изградена во 1997 година со средства од селаните и нивни сонародници од Мелбурн, Австралија.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија Средно Егри

Наводи

Надворешни врски

Средно Егри