Партенопска Република (италијански: Repubblica Partenopea, француски: République Parthénopéenne) или Неполитанска Република (италијански: Repubblica Napoletana) — краткотрајна, полуавтономна република сместена во Кралството Неапол и поддржана од Првата Француска Република. Републиката се појавила за време на Француските револуционерни војни откако кралот Фердинанд IV побегнал пред да се спротистави на француските трупи. Републиката постоела од 21 јануари до 13 јуни 1799 година, а пропаднала кога Фердинанд се вратил и ја обновил монархиската власт.

Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров Категорија:Поранешни републики Категорија:Наполеонови држави