Јани Бојаџи (р. во ) — македонски режисер, продуцент и сценарист. Од 2019 година, е директор на Телевизија Алфа.
Бојаџи, својата кариера како режисер ја започнува во Народниот театар „Антон Панов“ - Струмица. Одреден период, бил вработен во Драмски театар - Скопје како режисер. Има режирано претстави и во театрите низ Македонија, во Народен театар - Штип, Театар Куманово, Велешкиот театар и други театарски куќи.
Во 2013 година, тој се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот Македонски народни приказни и играни и документарни филмови, и таму работел до 2017 година.
Тој е режисер и нашишал сценарио на филмовите: Ругање со Христос, Вистинска љубов, Кино „Љубов“ и телевизиски серии: Бистра вода, Болка на душата и Утре наутро
Од 2020 година, е редовен професор за филм и телевизија на Универзитетот Еуропа Прима.
Во март 2023 година, Бојаџи бил основач на платформата „Кинемое" која е наменета за македонска продукција за филмови и серии.
Тој е директор на Фестивалот „Преку езерото“, кој се одржува еднаш годишно во Дојран од 2023 година.
Во јануари 2025 година, во Кинотека на Македонија ја промовира неговата книга "Гледна точка".
Бојаџи, има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.
Филмографија Бојаџи ги режирал следните филмови: Година Филм Канал 2010 Крајот на светот ТВ-филм Наша ТВ 2010 Пилот ТВ-филм МРТ 1 2013-2017 Македонски приказни ТВ-серија Канал 5 2014 Последниот македонски пророк Документарен филм МРТ 1 2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм Канал 5 2015 Бела ноќ ТВ-филм Канал 5 2016 Вистинска љубов ТВ-филм Канал 5 2016 Болка на душата ТВ-серија Канал 5 2018 Ругање со Христос ТВ-филм Алфа ТВ 2022 Кино „Љубов“ ТВ-филм Кинемое 2023 Бистра вода ТВ-серија Алфа ТВ 2025 Утре наутро ТВ-филм Кинемое 2025 Утре наутро ТВ-серија Алфа ТВ
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски продуценти Категорија:Македонски сценаристи