Црква „Св. Петка“ — главна селска црква во битолското село Маловиште, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
До селото води асфалтен пат, од кој започнува калдрма, која води до црквата.
Историја
Црквата била изградена во 1856 година врз темелите на постар храм од XVI–XVII век.
Црквата кога била изградена се водела како „грчка“ црква, бидејќи голем дел од Власите во Маловиште биле гркомани. Била голема како некогашната соборна црква во Скопје.
Во 1907 година, покрај црквата била подигната помала „романска“ црква, но во 1950-тите години таа била напуштена.
Архитектура
Црквата три години била градена од дебарски мајстори, а каменот за градбата бил носен од оддалеченото село Дихово. Градбата јасно ја покажувала некогашната големина на селото и стопанската моќ на населението.
Црквата е трикорабна и поседува галерии на три страни: запад, север и југ. Состојбата на градбата е добра, иако останатите објекти околу нејзе се во лоша состојба, особено конакот кој е во распаѓање.
Фрескоживопис
Sидното сликарство во црквата било изведено во два наврати: првпат била насликана во 1878 година и подоцна во 1937 година. Како автор на живописот се јавува Иван Ј. Мелников од Битола.
Живописот во внатрешноста на црквата е во задоволителна состојба.
Икони и иконостас
Има вреден резбан иконостас од 1892 година, изработен од мајсторот Димитриј и сличен на оној во Бигорскиот манастир. Иконите се од XIX век, исто така дело на познати мајстори.
Во храмот има постојана галерија каде се изложени икони од XVI век.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Маловиште
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Маловиште Категорија:Дела на Самаринската школа Категорија:Дела на Кионатската школа