Рождество на пресв. Богородица — црква во прилепското село Мал Радобил. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Изградена е во 1913 година, кога е живописан и олтарот. Претставува трикорабна базилика, која на источната страна завршува со полукружна апсида, а на западната има женска црква. На плочата како ктитор се споменува Илија КостовскиНапишан е како Илија Костић согласно тогашните големосрпски налагања заедно со сите селани.

Во црковниот двор се чува фрагментирана плоча од римско време на која стои натпис на старогрчки.

Поврзано Плетварско-беловодичка парохија Прилепско архијерејско намесништво

Наводи

Лопатица