„Тесна кожа 2“ – југословенски филм од 1987 година, во режија на Милан Живковиќ и Вуксан Луковац. Главните улоги ги толкуваат: Никола Симиќ, Милан Гутовиќ, Ружица Сокиќ, Јосиф Татиќ, Воја Брајовиќ и Снежана Савиќ.РТС, Тесна кожа 2 (пристапено на 31.12.2021)
Синопсис При судар со автомобилот, Димитрије Пантиќ (го игра Симиќ) запознава еден Турчин кој патува низ Југославија и тогаш добива идеја да изгради мотел за Турците кои минуваат низ земјата. Тој и Шојиќ (го игра Гутовиќ) одат во Словенија со намера да најдат инвеститори за изградбата на мотелот. Директорот Шојиќ сака да ја минира идејата на Пантиќ и му кажува на Турчинот дека Пантиќ е хомосексуалец. Меѓутоа, неговата намера пропаѓа зашто испаѓа дека и Турчинот е хомосексуалец. Така се случуваат неколку комични сцени додека Пантиќ не сфати за што се работи. Од друга страна, Шојиќ ѝ го препишува имотот на сопругата, а парите добиени со помош на различни малверзации ѝ ги дава на љубовницата на чување. На крајот, и сопругата и љубовницата успеваат да го измамат, па така, Пантиќ и Шојиќ завршуваат в затвор поради различни причини.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1987 година Категорија:Филмови на Милан Живковиќ Категорија:Филмови на Вуксан Луковац Категорија:Филмови со Јосиф Татиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Ружица Сокиќ Категорија:Филмови со Никола Симиќ Категорија:Филмови со Милан Гутовиќ Категорија:Филмови со Снежана Савиќ