Основно училиште „Манчу Матак“ (официјално: Подрачно основно училиште „Манчу Матак“ - Крушеани; скратено: ПОУ „Манчу Матак“) — подрачно основно училиште во селото Крушеани, составен дел на истоименото училиште во селото Кривогаштани.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во источниот дел на селото Крушеани.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 5 паралелки со вкупно 33 ученици.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Кривогаштани Категорија:Крушеани Крушеани