Трпчева Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален. Претставува црква и населба од средниот век.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 2 километри југоисточно од селото и на околу 300 метри лево од патот Прилеп-Витолиште.
Опис
На наоѓалиштето се гледаат остатоци од сакрален објект со полукружна апсида ѕидана од кршен камен и варов малтер. Од северната и јужната страна има по еден анекс, ѕидан исто така од кршен камен и варов малтер. На неколку места во ѕидот се гледаат архитектонски елементи од мермер употребени како сполии. Околу објектот, на површина од 300 х 150 метри има остатоци од темели и многу градежен материјал.
Поврзано Грамаѓе - населба и некропола од римско време; Катун - населба од среден век; Маркови Кули – тврдина од доцноантичко време и среден век; Темник - некропола од хеленистичко време; Св. Спас - осамени наоди од римско време; Црквиште – црква од старохристијснако време; Казан — населба од бронзеното време; Момирица — праисториска населба; Кален; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кален