десно|мини| Обновен и заштитен салаш од 1799 година во Бачки Петровац, Војводина мини| „Сончев забат“ на салаш во Војводина, Србија мини|Макета на салаш во музејот во Кикинда, Србија Салаш (на српски, хрватски, чешки, словачки и русински од унгарски szállás што значи „куќа, сместување“Hrvatski jezični portal Salaš) — традиционален вид на фарма во регионот на Панонската Низина, особено во Бачка и Славонија. Салашот е обично оддалечен од населба, град или село. Се состои од семејна куќа, земјоделски објекти како плевна, пондила и амбар, опкружени со обработливо земјиште и пасишта. Салашот бил сопственост на едно семејство, кое живеело таму со генерации.
Некогаш многубројните „земјанки“ на рамнините на Средна Европа биле изградени од месно пронајдени материјали: ѕидовите биле градени од плитари. Покривот обично бил од исушена трска, составена во традиционална изработка. Денес, салашот станува дел од фолклорот за да им се прикаже на туристите, заедно со традиционалната храна и пијалаци, обичаите, животот на фармата, тамбурашката музика, итн.
Во словачката култура, салашите претставувале оддалечени логори за овчарите и на крајот ги означувало малите селски гостилници основани во такви куќи, кои обезбедувале овчи производи и традиционални домашни јадења.
Поврзано Салашот во Мали Рит
Наводи
Категорија:Етнографија Категорија:Унгаризми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ