Трета оперативна зона на НОВ на Македонија ― Нејзиниот штаб бил формиран во почетокот на април, 1943 година. мини|Извештај од акциите на одредите од Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ

Територија Третата оперативна зона го опфаќала подрачјето источно од железничката линија Велес-Гевгелија, со градовите Велес, Кавадарци и Гевгелија. Со формирањето на Втората македонска бригада, на 20 декември 1943 година, со наредба од Главниот штаб на НОВ и ПОМ, бил укинат штабот на зоната. Во почетокот на август 1944 година, ова подрачје било припоено кон Втората оперативна зона со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Со истата наредба, се предвидувало оваа зона да го покрива просторот на поранешната Четврта оперативна зона (источна Македонија), каде што должностите на штабот на зоната ги вршел штабот на Четвртата македонска бригада, а од крајот на септември Штабот на педесеттата дивизија. Оваа состојба се задржала до крајот на октомври 1944 година, кога се формирани корпусните области.

Состав Под команда на штабот биле НОПО „Добри Даскалов“ и НОПО „Сава Михајлов“, а подоцна ѝ баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон и диверзантски групи.

Тихомир Милошевски - командант при нејзиното формирање„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 233 Никола Минчев - командант на Третата оперативна зона Лазар Калајџиски - заменик командантМакедонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 660. Коле Канински - политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона Цветко Узуновски - политички комесар Мито Хаџивасилев - Јасмин - заменик политички комесарБиографија на страницата на Собранието на Република Македонија

Поврзано

Прва оперативна зона на НОВ на Македонија Втора оперативна зона на НОВ на Македонија Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија Петта оперативна зона на НОВ на Македонија

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:НОБ