Стенли Кјубрик (; 26 јули 1928 — 7 март 1999) — американски режисер, писател, продуцент и фотограф чии филмови се сметаат за класици во светската кинематографија. Кјубрик е познат по внимателноста со која ги одбирал темите, бавното темпо на работа, жанровската разновидност, техничкото совршенство, одбивањето да зборува за своите филмови и оддалечувањето од јавниот живот. Тој секогаш имал потполна контрола врз своите филмови и ги правел на свој начин и без временски ограничувања, но и секогаш имал финансиска поддршка од големите филмски студија, што е ретка привилегија.

Филмовите на Кјубрик се карактеристични по формалниот визуелен стил и извонредната композиција на фотографија во која се внимава на најситни детали. Неговите подоцнежни филмови содржат елементи на надреализам и експресионизам, а често и немаат линеарна нарација. Некои ги гледаат филмовите како одраз на опсесивната и перфекционистичка природа на Кјубрик. Една од темите која се повторува во неговите филмови е човековата нехуманост кон човека. Некои критичари велат дека филмовите содржат ироничен песимизам, но други сметаат дека, при внимателно набљудување, филмовите всушност содржат еден вид претпазлив, воздржан оптимизам.

Првиот филм којшто го сврте вниманието кон Кјубрик беше „Патеки на славата“, првиот од трите филмови чија тема е нехуманоста на војната. Многу од неговите филмови беа ладно прифатени на почетокот, а подоцна добија признание дека се ремек-дела кои имале огромно влијание на поновите генерации режисери. „2001: Одисеја во вселената“ се смета за пионерски потфат во кинематографијата, како еден од најреалистичните научни филмови и визуелно иновативни научнофанатастични филмови во историјата на филмот. Кјубрик своеволно го повлече „Пеколен портокал“ од кината во Велика Британија откако го обвинија дека филмот послужил како инспирација за одредени последователни злосторства. Авторите Ентони Бурџис („Пеколен портокал“) и Стивен Кинг („Сјаење“) изјавиле дека не се задоволни од адаптацијата на Кјубрик на нивните романи. Речиси сите филмови на Кјубрик одлично поминале во кино салите, освен „Бери Линдон“ во САД. И покрај бројните номинации за Оскар за најдобро сценарио и режија, Кјубрик беше награден со само еден – за најдобри ефекти во „2001: Одисеја во вселената“.

И покрај тоа што сите филмови на Кјубрик (со исклучок на првите два) се адаптации на романи или раскази, критичарите ги опишуваат како оригинални и визионерски дела. Џејсон Енкени истакнува дека Кјубрик е „еден од најдобрите и највлијателните режисери во повоениот период, со уникатен углед меѓу неговите современици“.

Живот и дело Стенли Кјубрик е роден на 26 јули 1928 година во Бронкс, Њујорк, во добростоечко семејство. Најголемиот дел од својот живот го помина во Англија. Татко му бил доктор кој сакал фотографија и таа љубов му ја пренел и на Стенли. Бидејќи имале лабораторија за развивање фотографии во домот, Стенли уште од мали нозе учи многу за фотографијата и подоцна тоа знаење го применува до совршенство во своите филмови. Бил фотограф во редакцијата на училишниот весник и привлече внимание со фотографијата „Продавач на весници ја оплакува смртта на претседателот Рузвелт“ и преку ноќ стана професионалец. На само 16 години ја продава истата фотографија на водечкиот магазин „Look“, за кој и ќе работи по школувањето.

Рани дела Во 1951, пријателот на Кјубрик, Алекс Сингер, го убедил да почне да снима кратки документарни филмови за „Текот на времето“ (The March of Time), производител на журнали за кината. Кјубрик се согласил и го снимил независниот „Денот на борбата“ (Day of the Fight). Инспириран од оваа негова прва работа, тој го напуштил магазинот „Look“ и почнал да работи на вториот краток документарец, „Летечкиот отец“ (Flying Padre), финансиран од филмската куќа РКО. Третиот краток филм, „Морнари“ (The Seafarers), го снимил во 1953 по првиот негов игран филм „Страв и желба“ за да си ги поврати трошоците. „Морнари“ е получасовен промотивен филм за Меѓународната заедница на морнари и е првиот филм во боја на Кјубрик. Овие три филма се единствените зачувани документарни филмови на Кјубрик. Се верува дека работел и на други кратки филмови, меѓу кои и на филм наречен „Светското собрание на младите“ во 1952, но тие не се зачувани.Thuss 2002, p. 110. Online: Google Books link Работел и како еден од режисерите на една епизода од програмата „Омнибус“ за животот на Абрахам Линколн. Ниеден од овие рани филмови не биле официјално издадени и единствени копии се пиратските. Неколку клипови се прикажани во документарниот филм „Стенли Кјубрик: живот во слики“. Покрај тоа, „Денот на борбата“ и „Летечкиот отец“ ги прикажала Ти-Си-Ем (Turner Classic Movies, или TCM), телевизијата за класични филмови.

1950-те: „Страв и желба“, „Бакнежот на убиецот“, „Залуден грабеж“ и „Патеки на славата“

Првиот игран филм на Кјубрик е „Страв и желба“ (Fear and Desire), снимен во 1953; филмот е приказна за една група војници кои ќе се најдат во полето на непријателот за време на фиктивна војна. Во паника како да избегаат, тие грабнуваат жена од страв да не ги пријави. Еден од војниците се вљубува во неа, но ја убива кога таа се обидува да избега и потоа ја напушта трупата. Друг војник не сака да избегаат на едноставен начин и ги убедува другите војници да направат план како изненадно да го нападнат непријателот и да го убијат генералот.

Само Кјубрик и неговата тогашна сопруга Тоба Метс биле филмската екипа. Сценариото го напишал пријателот на Кјубрик, Хауард Секлер, кој подоцна ќе стане успешен драмски писател. „Страв и желба“ доби позитивни критики, но не беше успешен во кино салите. Кјубрик подоцна ќе признае дека се срами од филмот и го смета за аматерски обид. Не дозволил филмот да продолжи да кружи и да се прикажува.Baxter 1997, p. 56. Online: Google Books link Само една копија останала во архивата на продуцентската куќа и оттаму се направени сите достапни копии.

Кјубрик се разведува од Тоба Метс за време на снимањето на „Страв и желба“. Втората жена, австријката Рут Соботка, ја запознава во 1952. Живееле во Ист Вилиџ во Њујорк од 1952 до 1955. Летото 1955 се преселиле во Холивуд. Соботка, која има камео улога во следниот филм на Кјубрик, „Бакнежот на убиецот“ (Killer’s Kiss, 1955), а работела и како уметнички директор во „Залуден грабеж“. Исто како „Страв и желба“, и „Бакнежот на убиецот“ е краток игран филм, во времетраење од нешто повеќе од еден час. Филмот доживеа просечен критички и комерцијален успех, а се работи за млад боксер во тешка категорија на крајот од својата кариера, кој ќе се најде заплеткан во љубовен триаголник во кој неговиот соперник е заплеткан во организиран криминал. „Страв и желба“ и „Бакнежот на убиецот“ биле приватно финансирани од семејството и пријателите на Кјубрик.Philips 2001, p. 190. Online: Google Books linkPhilips 1999, p. 127. Online: Google Books link

Алекс Сингер го запознава Кјубрик со еден млад продуцент, Џејмс Б. Харис; тие се спријателуваат и го основаат студиото „Харис-Кјубрик“, кое ќе ги финансира следните три филмови на Кјубрик.Baxter 1999, p. 70. Двајцата ги купуваат правата за романот „Чиста разделба“ (Clean Break) на Лајонел Вајт и според него, Кјубрик и ко-сценаристот Џим Томпсон, го пишуваат „Залуден грабеж“ (The Killing, 1956). Филмот се работи за еден добро испланиран грабеж за пари од коњска трка, кој ќе тргне наопаку откако мафијашите ќе избегаат со парите. Овој филм, во главна улога на Стивен Хејден, е првиот долгометражен филм на Кјубрик снимен со професионална екипа и глумци. Како и нарацијата во романот, така и приказната во филмот е нелинеарна – истите настани се прикажани од аспект на различни ликови. Оваа техника била невообичаена за современиот американски филм во 1950-те. 40 години подоцна, Квентин Тарантино ја позајмува во „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs). Тој признава дека Кјубрик има влијание врз неговите филмови,Lucas (no date). Online at: 7 Classic Movies that Influenced Quentin Tarantino: Horror, Suspense, Film Noir – and Plenty of Laughs and critics have noticed the similarity in plot structure.Sleeper 1997. Online at: la Fiction du Pulp: Tarantino's trail of bread crumbs leads to the French New Wave а критичарите ги согледаа сличностите во структурата на заплетот. На многу начини, „Залуден грабеж“ ги следи конвенциите на филм ноар, и во однос на заплетот и во однос на кинематографскиот стил. Ваквиот жанр на криминални филмови го достигнува врвот на популарноста во 1940-те. Денеска, многумина го сметаат овој филм за еден од најдобрите од жанрот на филм ноар.Online: Stanley Kubrick Exhibition. Newsletter no. 9, October 2004. Иако не бил комерцијален успех, филмот добил позитивни критики.Roud 1980 p. 562. Online: Google Books link

Општиот успех на „Залуден грабеж“ го привлече вниманието на Метро-Голдвин-Мајер.Jackson et al 2001. Online: Google Books link Студиото им понуди голем избор на приказни за нивниот следен филм.

Следниот филм на Кјубрик, „Патеки на славата“ (Paths of Glory, 1957) е сместен за време на Првата светска војна. Тој е адаптација на истоимениот анти-воен роман на Хамфри Коб објавен во 1935. Се работи за една француска воена единица која ќе добие невозможна мисија. По неуспехот, три невини војници ќе бидат обвинети за кукавичлук и ќе бидат осудени на смрт, навидум за да послужат како пример за војската, но всушност се жртвени јарци за неуспесите на командирите. Кирк Даглас го игра полковникот Дакс, хуманитарец кој се обидува да го спречи погубувањето на војниците. Даглас бил „добитното ливче“ за добивање финансиска поддршка за овој амбициозен филм. Иако не постигнал голем комерцијален успех, критичарите го пофалија и го етаблираа Кјубрик како надежен иден режисер. И други критичари во изминативе години го фалат филмот поради грубите и несентиментални сцени со битки и црно-белата кинематографија.See for example: Denby 2008. Online at: The First Casualty Спилберг има изјавено дека овој му е еден од омилените филмови од Кјубрик.Friedman, Lester, and Brent Notbohm, p. 82. Online: Google Books link

За време на снимањето на „Патеки на славата“ во Минхен, Кјубрик ја запознава германската глумица Кристин Харлан, единствената женска глумица во филмот. Во 1957, Кјубрик се разведува од Рут Соботка и во 1958 се венчава со Кристин и останува со неа до неговата смрт во 1999. Имаат две ќерки, Ања (1959-2009) и Вивијан (родена 1960), како и уште една ќерка од првиот брак на Кристин, Катарина (родена 1953) со починатиот германски глумец Вернер Брунс.

1960-те: „Спартак“, „Лолита“, „Д-р Стрејнџлав“ и „2001: Вселенска одисеја“

По враќањето во САД, Кјубрик работи со Марлон Брандо на неговиот филм „Едноокиот крадец“ (One-Eyed Jacks, 1961). Поради бројни несогласувања, Брандо го отпушта и сам го режира филмот.LoBrutto 1999, p. 164. Кјубрик работел на многу неснимени сценарија. Во 1960, Кирк Даглас го замолува да ја преземе режисерската палка на филмот „Спартак“ (Spartacus, 1960) што ја остава Антони Ман, бидејќи студиото го отпушта по две недели од снимањето.

„Спартак“ бил тежок филм за режирање, адаптиран според вистинска приказна за бунт на римски робови. Помеѓу Кјубрик и Даглас имало бројни несогласувања за време на снимањето.Cohan, Steven and Ina Rae Rark 1993, p. 170. Online: Google Books link Пријателството што го развиле за време на снимањето на „Патеки на славата“ сега се растурило. Години подоцна, Даглас ќе рече дека Кјубрик е „талентирано гомно“.Abrams 2009, p. 170. Online: Google Books link