Милано-Санремо 2021 (позната како Милано-Санремо претставена од EOLO поради спонзорство) — 112. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 20 март во северниот дел на Италија. Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.

Откако пандемијата на КОВИД-19 присилила неколку измени на изданието во 2020, трката се вратила на вообичаениот распоред во средината на март и на својата традиционална рута. Трката долга 299 километри започнала во северозападна Италија од главниот град на Ломбардија, Милано. Патеката имала неколку качувања, последното на Поџо ди Санремо на завршните 10 километри, пред рамната завршница на Виа Рома во Санремо на средоземниот брег во Лигурија.

Како главната група се приближувала на врвот на Поџо, неколку напади предизвикале да се создаде избрана група во која биле многу од фаворитите пред трката, вклучувајќи ги главните тројца, бранителот на титулата Ваут ван Ерт (), победникот од 2019 година Жилијан Алафилип () и Матје ван дер Пул (). Во завршните три километри, Јаспер Стејвен () отпочнал напад на почетокот на спустот на Поџо и се одржал пред остатокот на фаворитите за негова прва победа на монумент и станал втор последователен белгиски победник на трката. Кејлеб Јуан () го освоил масовниот спринт за второто место пред Ван Ерт на третото место.

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи. Секоја од екипите настапила со седум возачи, со што имало 175 возачи на почетокот, од кои 169 завршиле.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Милано-Санремо Категорија:Светска турнеја на UCI 2021 Категорија:Италија во 2021 година