Света Богородица – црква во селото Дамјан.
Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од рударската населба „Дамјан“, непосредно од левата на патот кој води до селото.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со мала полукружна апсида на источната страна. На западната и северната страна од храмот има отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спроеден влез на северната страна. Објектот е изграден од цигли и камени тули, а покриен е со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има помошен објект и трпезарија.
Галерија
Поврзано Дамјан Брегалничка епархија Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија
Надворешни врски
Категорија:Дамјан Дамјан