Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на истоименото училиште во Радовиш, Општина Радовиш.
Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на возвишение коешто му дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.
Историја
Новиот објект на училиштето бил пуштен во употреба во декември 2021 година. Објектот бил изграден со средства обезбедени од страна на ТИКА и со поддршка од Општина Радовиш.„Радовиш: Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија “. Јавна администрација.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.„ООУ Крсте Петков Мисирков — Радовиш “. Општина Радовиш.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Калаузлија Категорија:Калаузлија (Радовишко)