Белмужијада е стопанско-туристичка и културна манифестација која се одржува во Сврљиг (Србија) и е посветена на белмуж. Се одржува од 2006 година, започнува во првиот викенд на август и трае три дена. Покровител на манифестацијата е општина Сврљиг, а организатор е Центарот за туризам, култура и спорт на општина Сврљиг. Се одржува на спортскиот полигон „Пастириште“, покрај Сврљишки Тимок. Манифестацијата во текот на три дена ја посетуваат преку 60.000 луѓе.

Белмуж лево|мини|250x250пкс| Традиционална подготовка на белмуж, во котле Белмуж е традиционален специјалитет направен од младо овчо, кравјо сирење и проино брашно, кој се сервира топол. Според некои толкувања, белмужот го добил името по белото сирење и по тоа што честопати го подготвувале мажи, затоа што за непрекинато мешање на смесата во казанот потребна е силна машка рака. Белмужот се наоѓа на списокот на нематеријално културно наследство на Србија.

Програма на манифестацијата Централен настан на манифестацијата е натпреварот во подготовка на белмуж. Програмата на Белмужијата ја сочинуваат и пропратни манифестации како што се избор на најубава овчарка, домашни занаети, стари сврљишки јадења, овчарски игри и културна програма.

За посетителите е подготвена богата музичко-забавна програма, од домашни изведувачи на изворни песни, фолклор од Сврљиг, Ниш, Бугарија, Македонија, Грција, гајдаџии од Србија и околните земји, до концерти на познати пејачи и групи.

Концерти на пејачи Белмужијада година Пејачи кои настапувале на Белмужијада 4 2009 година. Немања Николиќ 5 2010 година Биљана Јевтиќ и Александар Илиќ, Чеда Марковиќ, Милан Топаловиќ Топалко 6 2011 година Александар Сања Илиќ и Балканика, Мирослав Илиќ 7 2012 година Ана Бекута, Адил Максутовиќ, Саша Матиќ 8 2013 година Харис Џиновиќ, Ацо Пејовиќ 9 2014 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Весна Змијанац, Тропико бенд 10 2015 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Биља Крстиќ и оркестарот Бистрик; Амадеус бенд ; Аца Лукас ( Ана Кокиќ, како гостин) 11 2016 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Медени месец ; Жељко Самарџиќ ; Дејан Матиќ 12 2017 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, бенд „Долче Вита“; Гоца Тржан (Тодор Китановиќ како гостин); Драгана Мирковиќ 13 2018 година Љуба Лукиќ ; Александар Сања Илиќ и Балканика ; Лепа Брена 14 2019 година. Бенд „Топол мај“; Милица Тодоровиќ; Халид Бешлиќ

Надворешни врски

Google Maps - Спортски центар „Пастириште“

Наводи

Категорија:Фестивали Категорија:Српски фестивали на храната Категорија:Општина Сврљиг