Густав Климт (роден на година во - починал на година во ) — австроунгарски сликар од симболизмот и еден од најистакнатите членови на движењето на Виенската сецесија. Климт е познат по своите слики, мурали, скици и други уметнички дела. Основната тема на Климт е женското тело, а во неговите дела се забележува директен еротицизам. Меѓу уметниците на Виенската сецесија, Климт бил под влијание на јапонската уметност и нејзините методи.Sotheby's: Gilded Romance: Gustav Klimt's Ornamental Style and the Influence of Japonisme, 19 June 2019

На почетокот на неговата кариера, тој бил успешен сликар на архитектонски украси на конвенционален начин. Како што започнал да развива поличен стил, неговиот труд станал предмет на контроверзии што кулминирале кога сликите што ги завршил околу 1900 година, за на таванот на големата сала на Универзитетот во Виена, биле критикувани како порнографски. Последователно, тој не прифатил повеќе јавни провизии, но постигнал нов успех со сликите од неговата „златна фаза“, од кои многу вклучуваат златни листови. Работата на Климт имала важно влијание врз неговиот помлад врсник Егон Шиле.

Почнувајќи од 1990-тите, тој е еден од уметниците чии слики достигнуваат највисоки цени на аукции.Daily Art Magazin: 5 Facts You Need to Know About Gustav Klimt, 25 January 2022

Живот и дело Детство и образование

Густав Климт е роден во Баумгартен, во близината на Виена во Австриското Царство, како второ од седумте деца, три машки и четири девојчиња.. Тројцата синови покажале уметнички наклоности уште од мали нозе. Неговите помали браќа се Ернст Климт и Георг Климт. Неговиот татко, Ернст Климт постариот, по потекло од Бохемија, бил гравер на злато.. Ернст сè оженил за Ана Климт чии неостварени амбиции биле да биде музички изведувач.

Климт живеел во сиромаштија додека студирал на Виенската школа за уметности и занаети (герм. Kunstgewerbeschule), каде што изучувал архитектонско сликање до 1883.Bailey, Colin B., Peter Vergo, Emily Braun, Jane Kallir, and John Collins (2001). Gustav Klimt: Modernism in the Making. New York: Abrams. p. 55. . Климт лесно ги прифатил начелата на конзервативното обучување, па неговите рани дела може да бидат класифицирани како академски. Во 1877 година, неговиот брат Ернст, кој исто како и татко му, станал гравер, се запишал на школата. Двата браќа и нивниот другар Франц Мач започнале да работат заедно и до 1880 година добиле многу пофалби за нив како работен состав наречен „Друштвото на уметници“ и му помогнале на нивниот професор во сликањето мурали во Уметничкоисторискиот музеј музеј во Виена. Климт ја започнал својата професионална кариера со сликање внатрешни мурали и тавани на огромни јавни згради на улицата Рингстрасе , вклучувајќи ја и успешната серија на „Алегории и амблеми“.

Во 1888 г. Климт добил златен орден за заслуга од царот Франц Јосиф I, за неговите придонеси во муралите насликани во Бург театарот во Виена. Тој исто така станал почесен член на Универзитетот во Минхен и Универзитетот во Виена. Во 1892 година починале и братот Ернст, и таткото на Климт, по што тој требало да е финансиски одговорен за семејствата и на брат му, и татко му. Трагедиите исто така влијаеле и на неговата уметничка визија и наскоро тој започнал да се стреми кон свој нов личен стил. Карактеристично за неговиот стил на крајот на 19 век е вклучувањето на Нуда Веритас (гола вистина) како симболична фигура во некои од неговите дела, меѓу кои Стара Грција и Египет (1891), Палас Атина (1898) и Нуда Веритас (1899)

Во раните деведесетти на 19 век, Климт ја запознал Емили Луис Флоге која и покрај врските на уметникот со други жени, требала да биле негов доживотен сопатник. Дали неговата врска со Флоге била сексуална или не, е често дебатирано, но фактот е дека во тој период Климт имал најмалку 14 деца.

Годините со Виенската сецесија Во 1897 тој станал еден од основачите и претседател на Виенската сецесија како и на периодичниот Ver Sacrum („света пролет“) на групата. Тој останал со сецесијата до 1908 година. Целите на групата биле да овозможат изложби за нови, млади сликари; да ги донесат најдобрите дела од странски сликари во Виена и да издадат весник кој ќе ги прикажува делата на членовите. Групата немала свој манифест и не поддржувала ни еден конкретен стил: натуралисти, реалисти и симболисти сите функционирале заедно. Владата ги поддржувала нивните напори и им дала закуп за да изградат сала за изложби. Симболот на групата била Атена Палада, грчката божица на правдата, мудроста и уметноста. Климт насликал радикална верзија на божицата во 1898 година.

Во 1894 година Климт бил задолжен да наслика три слики со кои ќе се украси таванот на големата сала во универзитетот во Виена. Завршени кон крајот на векот, трите слики, „Филозофија“,„ Медицина“ и „Судство“, биле критикувани поради нивните радикални теми и содржина која била наречена порнографска . Климт ја трансформирал традиционалната алегорија и симболизам во нов јазик кој бил значително посексуален и со тоа и повеќе вознемирувачки. Јавното незадоволство било забележано од сите сфери, политичка, естетска и религиозна. Како резултат на тоа сликите не биле изложени на таванот на големата сала.На 11 ноември 1905 година, уметничката комисија на Министерството за образование ги испитало проектите за панелите на големата сала на Универзитетот. Климтовите биле добредојдени, за разлика од оние на Матч. Сепак, било предложено да не се изложуваат во Големата сала, туку во Österreichische Galerie. Климт го отфрлил предлогот и на 3 април 1905 година му напишал на гореспоменатото министерство, откажувајќи се од задачата и барајќи враќање на скиците, изјавувајќи дека е подготвен да ја врати сумата на пари што му била авансирана. Во: Ова била последната јавна понуда за сликање што ја прифатил. Сите три слики биле уништени од нацистичките сили во мај 1945 година. Понатаму, се верува дека не постојат убедливи докази дека трите тавански слики на универзитетот на Климт биле всушност уништени.

Неговата „Гола вистина“ од 1899 година уште повеќе го надразнила традиционалното око. Голата, црвенокоса жена го држи огледалото на вистината а над неа стои цитат од Шилер во стилизирани букви „Ако не можеш да ги задоволиш сите со своите дела и уметност, задоволи неколку. Да се задоволни многумина, е лошо.“

Во 1902 година Климт ја завршил „Бетовенски фриз“ за 14-тата изложба на Виенската сецесија која била наменета за прославата за композиторот (Бетовен) и содржела монументална, полихромна скулптура од Макс Клингер. Бидејќи била наменета само за изложбата, сликата била насликана директно на ѕидот со лесни материјали. По изложбата, сликата била зачувана иако не била покажувана сè до 1986 година. Лицето на портретот на Бетовен личело на композиторот, но и на директорот на виенската опера Густав Малер, со кој Климт имал блиска соработка.

Во почетокот на доцните деведесетти на 19 век тој одел секоја година на летни одмори со фамилијата Флоге на брегот на Атерското Езеро каде насликал многу од неговите пејзажи. Климт бил многу заинтересиран за сликањето на предмети и тие дела го претставуваат единствениот жанр освен сликањето на (човечка) фигури за кој Климт сериозно се заинтересирал. Поради интензитетот на неговите слики месното население го нарекувало „шумски демон“. Сликите на Климт од Атерското Езеро се во толкав број и квалитет што заслужуваат да бидат особено ценети. Формално, пејзажите се одликуваат со истата префинетост на дизајнот и емфатичен модел како и делата со фигурите. За делата од Атерското Езеро се смета дека Климт ги насликал додека гледал низ телескоп.

Златната фаза

„Златната фаза“ на Климт била обележана со позитивна критичка реакција и успех. Животот, љубовта и смртта може да се утврдат како важни теми на делото на Климт. Многу од неговите слики од овој период содржат златни листови; истакнатата употреба на злато може прво да се забележи кај „ Атина Палада“ ( 1898) и „Јудит “(1901), иако попопуларните дела поврзани со овој период се „Портрет на Адел Блох Бауер I“ (1907) и „Бакнежот “(1907-1908). Климт не патувал многу, но патувањата до Венеција И Равена, и двата града познати по прекрасните мозаици, најверојатно ја инспирирале неговата златна техника и византиската визуелизација. Во 1904 година, тој соработувал со други уметници на раскошната палата Стокле, домот на богат белгиски индустријалец, која била еден од најзначајните споменици на периодот на Арт нуво. Придонесот на Климт за трпезаријата на палатата, вклучувајќи ги и „Исполнување“ и „Очекување“, биле едни од неговите најдобри декоративни дела, и како што и самиот јавно изјавил: „можеби и крајната фаза на мојот развој на орнамент“. Во 1905 година, Климт ги насликал Трите доби на жената, прикажувајќи го циклусот на животот. Тој создал насликан портрет на Маргарет Витгенштајн, сестрата на Лудвиг Витгенштајн, по повод нејзиниот брак.Edmunds, D. and Eidenow, J. Wittgenstein's Poker: The Story of a Ten-Minute Argument Between Two Great Philosophers, 2001, page 83. Потоа, помеѓу 1907 и 1909 година, Климт насликал пет платна на жени од општеството завиткани во крзно. Неговата очигледна љубов кон костимот е изразена во многуте фотографии на Флеге како модел на облека што тој ги дизајнирал.

Додека работел и одмарал дома, Климт обично носел сандали и долга наметка без долна облека. Неговиот едноставен живот бил помалку изолиран, живеејќи посветен на своето творештво и фамилија и скоро ништо друго освен движењето на сецесијата; ја избегнувал кафе културата и социјализирањето со други уметници. Славата на Климт обично ги носела покровителите до неговата врата така што тој можел да си дозволи да биде пребирлив. Неговиот метод на работа бил со конкретна цел, на моменти макотрпен и барал долги позирања од неговите модели. Иако бил многу сексуално активен, неговите афери биле дискретни и избегнувал скандали. Климт скоро воопшто и не пишувал за неговата визија и методи. Најчесто испраќал разгледници до Флоге и не пишувал дневник. Во еден од ретките записи наречен „Коментар за непостоечки автопортрет“ тој вели: „Никогаш не сум насликал автопортрет. Помалку сум заинтересиран за себе како предмет на сликање, од други луѓе, особено жени...Нема ништо посебно за мене. Јас сум сликар кој слика ден по ден, од утро до мрак.....Оној што сака да знае нешто за мене.... треба внимателно да ги погледне моите слики“. Во 1901 година Херман Бар напишал во својот „Говор за Климт“: „Само љубовник може на човек да му открие што значи животот за него и да го развие неговото најсуштинско значење. Јас го чувствувам истото за овие слики.“

Смрт и посмртен успех

Во 1911 година, неговата слика „Живот и смрт“ ја добила првата награда на светската изложба во Рим. Во 1915 година починала неговата мајка Ана. Климт починал три години подоцна во Виена на 6 февруари 1918 година откако добил мозочен удар и пневмонија поради епидемијата на грип која нападнала таа година. Бил погребан на Хицингшките гробишта во Хицинг, Виена.

Портфолио „Das Werk Gustav Klimts“