Наташа Беквалац (родена на 25 септември 1980 година) е српска пејачка, модел и глумица од Нови Сад.
Живот и кариера Ќерката на поранешниот фудбалер и тренер, Драгољуб Беквалац, Наташа е родена на 25 септември 1980 година во Нови Сад и пораснала како средно дете покрај две сестри. Таа го привлекла вниманието на јавноста уште од рана возраст настапувајќи на детски музички фестивали, како и со појавувањето на популарното естрадно шоу кое го води Миња Субота, наречено Мужички тобоган, во 1990 година. По дипломирањето на високото тренерско училиште, таа одлучи да продолжи со музичката кариера со издавање на нејзиниот деби албум „Не брини“ во 2001 година под Сити рекордс. Важена како поп икона, Беквалац стана една од најистакнатите српски пејачки со пет студиски албуми и бројни хит-песни, меѓу кои „Мали сигнали“, „Никотин“, „Краљица нових љубови“, „Оригинал“ и „Мала плава“. На Денот на вљубените 2020 година, таа одржала солистички концерт во Белградската арена, насловен СОС за љубав (СОС за љубов).
Покрај музиката, Беквалац има направено и неколку камео на телевизија и го имала своето деби во театарот во 2016 година како кралицата Драга Машин во мјузиклот Тајна Црне руке (Тајната на црната рака). Понатаму, во 2018 година беше судија во детската пејачка емисија Пинкове звездице, на местото на пејачката Јелена Томашевиќ.
Беквалац, исто така, била позната по поддршката на правата на ЛГБТ преку нејзините јавни настапи па затоа беше почестена со титулата геј икона во 2019 година. Покрај тоа, беше „кума“ на белградската парада на гордост 2021 година, каде изјави дека не е сојузник на заедницата, туку „дел од неа“.
Беквалац доби и широко медиумско внимание поради нејзиниот личен живот. Помеѓу 2006 и 2011 година, таа беше во брак со српскиот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кого ја доби својата прва ќерка во 2007 година. Нејзиниот втор брак беше со ракометарот Љубомир Јовановиќ, од 2015 до 2017 година. Беквалац потоа се омажи за ИТ- претприемачот Лука Лазукиќ, а во 2018 година ја роди својата втора ќерка. Сепак, таа на крајот се разведе откако беше физички нападната од нејзиниот тогашен сопруг, само еден месец откако се породи.
Дискографија
Студиски албуми
Не брини (2001) Ништа лично (2002) Стерео Љубав (2004) Не Ваљам (2010) Оригинал (2016)
ЦД
Љубав, Вера, Нада (2008)
Награди и номинации година Награда Категорија Номиниран/работа Резултат Оскар на популарност 2011 година Женска поп-пејачка на годинатаHerselfПобедничка Церемонија на музички награди 2020 година Музичко видео на годинатаДојди мамиПобедничка
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Српски поп пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година