мини|Анѓелковиќ во 2010 година Миодраг Анѓелковиќ (роден е на 7 февруари 1977 година) е поранешен професионален српски фудбалер кој играл на позицијата напаѓач, а бил и фудбалски менаџер (тренер).

Анѓелковиќ во својата професионална кариера настапувал за 21 клуб од 14 различни земји и тоа за време од 15 години.

Играчка кариера Анѓелковиќ е роден во градот Титова Митровица (денешна Косовска Митровица). Својата кариера ја започнал во неговиот роден град во тимот на Трепча. Подоцна ја сменил средината и заминал во тимот на ОФК Београд. Својот прв натпревар за сениорскиот тим го имал во сезоната 1995 -1996. Во зимскиот преоден рок во 1997 година, Анѓелковиќ заминал во странство и тоа во Шпанија и потпишал за тимот на Еспањол од Барселона. Одиграл два натпревари за тимот на Еспањол во Ла Лига, пред да се премине во екипата на Алмерија од Сегунда Дивизион. Таму останал до крајот на сезоната 1996-97. Подоцна, Анѓелковиќ настапувал за СпВгг Гројтер Фирт во Германија и во Хапоел Петах Тиква во израелското првенство, пред да се врати во ОФК Белград во 1999 година. Постигнал девет првенствени гола за тимот во сезоната 1999-2000, пред да се префрли во Сартид од Смедерево во март 2000 година. Во овој клуб постигнал уште седум голови од вкупно 16 гола таа сезона. Во јуни 2000 година, Анѓелковиќ повторно се преселил во странство и потпишал за турскиот тим на Анталијаспор, каде играл заедно со српскиот фудбалер Никола Дамјанац.

Во текот на следната деценија, Анѓелковиќ продолжил да игра во Бразил (тимовите на Флуминенсе и Коритиба), па во Полска (Видзев Лоѓ), Јужна Кореја (Инчеон Јунајтед), Јапонија ( Черезо Осака), Казахстан (Иртиш Павлодар), Кина (Далиан Шиде и клубот на Јантаи), како и во Романија (Пандурил Таргу Јиу и Куртеа де Аргес).

Во 2010 година, Миодраг заминал во странство и тоа во Канада и таму потпишал со тимот на Брантфорд Галакси од Канадската фудбалска лига. Тој му помогнал на тимот да го освои првенството во ЦСЛ лигата. Во финалето неговиот тим бил подобар од екипата на Хамилтон Хрватска. На 21 јули 2010 година, Анѓелковиќ бил дел од тимот на Торонто ФК во меѓународниот пријателски натпревар против Болтон Вондерерс. Последен пат играл како професионалец во својата татковина за тимот на Младеновац во сезоната 2011–12.

Кариера по професионалното играње Во септември 2013 година, Анѓелковиќ бил назначен за помошник тренер на Златко Крмпотиќ во тимот на ОФК Белград. Подоцна работел како помошник на Петар Дивиќ и Жарко Тодоровиќ во истиот тим. Во октомври 2018 година, Анѓелковиќ бил ангажиран како привремен тренер на ОФК Београд и тоа на еден натпревар од Српската лига. Во 2020 година, тој бил именуван за тренер за ОФК Београд со полно работно време. На 7 декември 2021 година Анѓелковиќ го најавил своето заминување од ОФК Белград.

Статистика КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариНатпревариГоловиНатпревариГоловиОФК Белград1995–96131001996–975000Еспањол1996–973000Алмерија1996–974000СпВгг Гројтер Фирт1997–982010Хапоел Петах Тиква1998–99110ОФК Белград1998–9942001999–200023900Сартид Смедерево1999–200010700Анталијаспор2000–0118321Флуминенсе200114300Коритиба20020010ОФК Белград2001–021000Виджев Лоѓ2002–0318141ОФК Белград2003–047210Инчеон Јинајтед2004114Черезо Осака200441Иртиш Павлодар200561Металург Запорожје2005–0610211Ал Ахли2006–07ОФК Белград2006–079000Далијан Шиде200716200Јантаи Јитенг2008227Пандурил Таргу2008–095000Куртеа де Аргес2009–101010Брнтфорд Галакси20101910—Младеновац2011–1213000Вкупно во кариерата24955113

Признанија

Брантфорд Галакси Освоена е Канадска фудбалска лига: 2010 година

Наводи 

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Косовски Срби Категорија:Фудбалери на ФК Анталијаспор