Наградите Годум се годишни музички награди кои ги доделува Здружението на музичари на џез, поп и рок музика на Србија. Тие биле воспоставени и првпат доделени во 2018 година, по повод одбележувањето на 65-годишнината од ова здружение.
Досегашни награди
2018 година Датум и место на доделување: 20 март 2018 година, Вурст плац бар Категорија Награден Специјална награда за придонес во музиката Војислав Бубиша Симиќ Награда за животно дело во областа на џез музиката Душко Гојковиќ Награда за животно дело во областа на поп музиката Ѓорѓе Марјановиќ Награда за животно дело во областа на рок музиката Ју група Награда за нови надежиIrie FM Со постхумни повелби одликувани се поранешните истакнати членови на Здружението: Миливоје Миќа Марковиќ, Лазар Ристовски, Миша Блам, Предраг Гојковиќ Цуне, Влада Дивљан, Милан Делчиќ Делча и Зоран Божиновиќ.
Повелби за придонес во популаризацијата на музиката примиле: Петар Пеца Поповиќ, Петар Јањатовиќ, Александар Жикиќ, Катарина Епштајн, Бранка Главоњиќ и Јелена Влаховиќ.
2019 година Датум и место на одржување на доделувањето: 17 април 2019 година, Атеље 212 Категорија Награден Награди Годум Награда за животно дело Корнелије Ковач Награда за џез музика Васил Хаџиманов Награда за поп музика Неверне бебе Награда за рок музика Бајага и инструктори Награда за нови надежи Растко Обрадовиќ Признанија на Сокој за најемитувани нумери Најемитувана џез нумера Владан Вучковиќ Паја - Утицај на подсвест Најпопуларна поп нумера Жељко Јоксимовиќ - Милиметар Најемитувана рок нумера С. А. Р. С. - Лутка Со повелби на Здружението оваа година се наградени: Влада Јанковиќ Џет, Бранко Росиќ, Брајан Рашиќ, Бане Обрадовиќ, Ненад Илиќ и Петар Ракиќ.
2020 година Датум и место на одржување и доделување: 28 октомври 2020 година, Атеље 212 Категорија Награден Награди Годум Награда за животно дело Радомир Михајловиќ - Точак Награда за џез музика Квартет Драган Ќалина Награда за поп музика С. А. Р. С. Награда за рок музика Рибља чорба Награда за нови надежи Буч Кесиди Признанија на Сокој за најемитувани нумери Најемитувана џез нумера Васил Хаџиманов бенд, Сенка Велетанлиќ, Бисера Велетанлиќ - Пердао Најпопуларна поп нумера Жељко Јоксимовиќ - Милиметар Најемитувана рок нумера С. А. Р. С. - Лутка Добитници на повелбата за исклучителен придонес во развојот на блузот, џезот и рок музиката беа: Драган Марковиќ Маре, Иван Макрагиќ, Влада Мариќ, дискографска куќа, косовскомитровачки фестивал, Организација за колективно остварување на правата на интерпретаторите (ПИ) и Организација на музички автори на Србија (Сокој).
2021 година Датум и место на одржување и доделување: 20 октомври 2021 година, културна институција Вук Стефановиќ Караџиќ Категорија НаграденНагради Годум Награда за животно дело Јован Маљоковиќ Награда за џез музика Раде Булатовиќ Чеја Награда за поп музика Ана Станиќ Награда за рок музика Електрични оргазам Награда за нови надежи Драм Признанија на Сокој за најемитувани нумери Најемитувана џез нумера Влада Маричиќ и Тања Јовиќевиќ - Два стара куфера (автор: Владимир Маричиќ) Најпопуларна поп нумера МВП - Целу ноќ и цели дан (автори: Бранислав Лалиќ и Жарко Ковачевиќ) Најемитувана рок нумера Генерација 5 - Долазим за пет минута(автор: Драгољуб Илиќ Илке) Признанија на организација ПИ за интерпретација од редот на најобјавените нумери во 2020 година Џез интерпретација Хазари - Калчине приче Поп интерпретација Јелена Томашевиќ - Радио свира за нас Рок интерпретација Рибља чорба - Љубав овде више не станује Повелба за исклучителен придонес во музичкото творештво добиле новинарката Олга Кепчија и фотографот Небојша Бабиќ.
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница на Здружението на џез, поп и рок музика на Србија
Категорија:Српски музички награди Категорија:Музички награди