Жан де Лафонтен (; - , ) — прочуен француски баснописец и поет. Има напишано 240 басни. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет, раскажувач, романописец и комедиограф. Лафонтен потекнува од старо и богато семејство. Се родил во гратчето Шато Тјери, а учел во родното место и во Париз. На 20-годишна возраст стапил во братството на орторијанците со намера да стане духовно лице. Само по една година се откажал и се запишал на правниот факултет во Париз. По завршувањето на студиите бил примен за адвокат во парискиот Парламент. Ни оваа професија не му се допаднала, па се насoчил кон античките писатели и писателите од ренесансата.

Поврзано Басни од Лафонтен

Категорија:Баснописци Категорија:Француски поети Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Членови на Француската академија