Булозна епидермолиза е ретка генетска болест на кожата и слузницата, и се манифестира со формирање меури и отворени рани.Кожата е премногу чувствителна и на најмал допир или притисок се појавуваат рани како изгореници. Се јавува кај 2 до 4 лица на 100.000 жители. Децата кои страдаат од оваа болест се познати и како „деца пеперуги“. Сериозност може да варира од блага до фатална. Оние со благи случаи можеби нема да развијат симптоми додека не почнат да ползат или да одат. Компликациите може да вклучуваат стеснување на хранопроводникот, сквамозен карцином на кожата и потреба од ампутации.
Булозната епидермолиза се должи на мутација на најмалку еден од 16 различни гени. Некои типови се автосомно доминантни додека други се автосомно рецесивни. Основниот механизам е дефект во прицврстувањето помеѓу или внатре во слоевите на кожата. Постојат четири главни типа: булозна епидермолиза симплекс (EBS), дистрофична булозна епидермолиза(DEB), спојна булозна епидермолиза (JEB) и Киндлер синдром. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите и се потврдува со биопсија на кожата или генетско тестирање.
За оваа ретка болест не постои лек. Лекувањето вклучува нега на рани, контрола на болката, контролирање на инфекции, нутритивна поддршка и превенција и третман на компликации. Околу половина милион луѓе се погодени на глобално ниво.
Класификација Булозна епидермолиза се однесува на група на нарушувања кои вклучуваат формирање на плускавци по тривијална траума. Над 300 мутации се идентификувани во оваа состојба. Тие се класифицирани во следниве типови:James, William; Berger, Timothy; Elston, Dirk (2005).Freedberg, et al. (2003).
Булозна епидермолиза симплекс Булозна епидермолиза симплекс (EBS) е форма на булозна епидермолиза што предизвикува плускавци на местото на триење. Обично ги зафаќа рацете и стапалата и обично се наследува на автосомно доминантен начин, влијаејќи на кератинските гени KRT5 и KRT14. Затоа, постои неуспех во кератинизацијата, што влијае на интегритетот и способноста на кожата да се спротивстави на механички стресови.
Спојна булозна епидермолиза Спојна булозна епидермолиза (JEB) е наследна болест која влијае на ламинин и колаген. Оваа болест се одликува со формирање на меурчиња во ламина луцида на зоната на базалната мембрана и се наследува на автосомно рецесивен начин. Се манифестира и со плускавци на местото на триење, особено на рацете и стапалата и има варијанти кои можат да се појават кај деца и возрасни. Се проценува дека помалку од едно лице на милион луѓе ја имаат оваа форма на булозна епидермолиза.
Дистрофична булозна епидермолиза Дистрофична булозна епидермолиза (DEB) е наследна варијанта која влијае на кожата и другите органи. DEB е предизвикан од генетски дефекти (или мутации) во рамките на човечкиот COL7A1 ген кој ја кодира белковината тип VII колаген (колаген VII). Мутациите кои предизвикуваат DEB може да бидат или автосомно доминантни или автосомно рецесивни. Epidermis bullosa pruriginosa и albopapuloid epidermolysis bullosa (Пасинова болест) се ретки поттипови на оваа болест.
Други ОМИМ Име Локус ген 609638 блулозна епидермолиза, смртоносен акантолитик 6p24 ДСП
Стекната булозна епидермолиза Акрален пилинг
Симптоми
Симптомите при тешки форми на болеста се видливи уште при раѓањето, а во други случаи се јавуваат кога детето почнува да ползи, да оди или да игра спорт во доба на пубертет. Симптомите на оваа болест се комплексни и специфични во зависност од видот на болеста и начинот на живот.
Симптомите вклучуваат:
чувствителност на кожата на секаков допир, особено на рацете и стапалата; болка по допир; тврди нокти кои не се формираат правилно; Пликови или плускавци на површината на кожата и слузокожата; губење на косата и оштетување на скалпот; појава на бели топчиња (милии); тешкотија при голтање и зборување; тврда кожа на стапалата и дланките; појава на кариес и паѓање на забите.
Генетско наследување
Болеста може да биде наследена автозомно доминантно или рецесивно. Автозомен доминантен начин на наследување значи дека еден од родителите е заболен од истата болест, а веројатноста дека детето ќе ја наследи болеста е 50% во секоја бременост. Ако родителите не покажат симптоми на болеста, тоа не значи дека тие не ги носат гените за неа. Во овој случај, наследувањето е автозомно рецесивно и шансата за наследување е 25% во секоја бременост ако еден родител го има генот. Болеста, исто така, може да биде предизвикана од мутација на ген при формирањето на машките и женските полови клетки. Овој начин на настанување на болеста не може да се предвиди.
Денес постојат пренатални испитувања кои ја одредуваат можноста, односно процентот за наследување на Булозната епидермолиза која не претставува заразна болест.
Компликации
Поради недоволниот број информации, истражувања и непознат лек за оваа болест, компликациите за жал се неизбежни. Тука се вклучуваат:
појава на габични и бактериски инфекции; сраснување на прстите и потешка подвижност на зглобовите; тешкотија при одење; стеснување на очните капаци и губење на видот; тешко хранење и губење на апетитот; запек (опстипација); злоќудни тумори на кожата кои брзо се шират; сепса; смрт.
Патофизиологија Кожата се состои од три главни слоја: епидермис, дермис и хиподермис. Кај здрави лица, врзувачките белковини, кератин и колаген, се одговорни за врзување на сите клетки и слоеви во кожата. Овие белковини се организираат во мрежи кои обезбедуваат сила, еластичност и поддршка на епидермисот. Мутација во генот кој го кодира кератинот или колагенот, доведува до формирање белковини кои не можат да се групираат во мрежи и со тоа клетките на кожата стануваат чувствителни и подложни на раздвојување. Луѓето родени со Булозна епидермолиза немаат функционално врзувачки белковини, така што нивните слоеви на кожата лесно се одвојуваат, предизвикувајќи разни оштетувања. Овие лица имаат зголемен ризик од злоќудни заболувања (рак) на кожата.
Дијагноза Може да се дијагностицира или со биопсија на кожата на работ на раната со имунофлуоресцентно мапирање, или преку примерок од крв и генетско тестирање.
Поставувањето на дијагноза се состои од целосно земање на анамнеза вклучувајќи и на која возраст и на кои места се појавиле првите меури и рани. Потоа се врши детален клинички преглед и потрага по симптоми карактеристични за некои од поттиповите на болеста. Лабораториската процена подразбира земање парче кожа за детален преглед. Освен класичен хистолошки преглед, се користи преглед на кожата со електронска микроскопија со која можат да се покажат некои промени или недостатоци во кожата. Најновите техники вклучуваат антитела за одредени белковини во кожата. Денес постои можност кај семејствата кои веќе имаат дете со оваа болест, да се постави или исклучи оваа дијагноза на нероденото дете. Дијагнозата може да се постави со земање на парче од плацентата (хорионска биопсија) преку стомакот на мајката во рана фаза од бременоста.
Третман мини| Третман на Булозна епидермолиза со трансплантација на матични клетки модифицирани со ламинин5 Лекот за оваа генетска болест сè уште не е познат, но постојат неколку начини за ублажување на оштетувањето на кожата. Исто така, постојат хируршки и превентивни процедури кои спречуваат сраснување на прстите на екстремитетите. Со правилна нега може да спречи сериозно оштетување на кожата, како на пример:
носење памучна облека; одржување на кожата со употреба на соодветни лубриканти; преврски на отворени рани со специјални силиконски преврски; одржување на температурата во домот за да се избегне прегреаност; покривање на груби или тврди површини во домот со крпи или прекривки; спроведување на штетни активности, редовно вежбање; нежен пристап кон пациентот без нагли движења; вградување катетер во желудникот преку кој пациентот ќе се храни во текот на ноќта; хируршка корекција на сраснатите прсти; правилна исхрана со многу хранлива и калорична диета.
Неодамнешните истражувања се фокусираа на промена на мешавината на кератини произведени во кожата. Познати се 54 гени на кератин - од кои 28 припаѓаат на гените на средно влакно од тип I и 26 на тип II - кои работат како хетеродимери . Многу од овие гени споделуваат значителна структурна и функционална сличност, но тие се специјализирани за типот на клетката и/или условите под кои вообичаено се произведуваат. Ако рамнотежата на производството може да се префрли од мутираниот, дисфункционален ген на кератин кон недопрен ген на кератин, симптомите би можеле да се намалат. На пример, сулфорафан, соединение пронајдено во брокулата, било откриено дека ги намалува пликовите кај модел на глушец до точка каде што засегнатите младенчиња не може да се идентификуваат визуелно, кога се инјектира во бремени глувци (5 μmol/ден = 0,9 mg) и се применува локално кај новороденчиња (1 μmol/ден = 0,2 mg во маслото од јојоба).
Почнувајќи од 2008 година, клиничкото истражување на Универзитетот во Минесота ја истражуваше алогената трансплантација на коскена срцевина за РБ и спојно булозна епидермолиза, третирајќи 2-годишно дете кое е едно од двајцата браќа со ЕБ. Направена е и втора трансплантација на постариот брат на детето, а трета е закажана за бебе од Калифорнија. Планирано е клиничко испитување на 30 субјекти. Сепак, имунолошката супресија што ја бара трансплантацијата на коскена срцевина предизвикува ризик од сериозни инфекции со големи меурчиња и ерозија на кожата. Навистина, најмалку четири лица починале во текот на подготовката или воведувањето на трансплантација на коскена срцевина за ЕБ, од само мала група на пациенти третирани досега. Механизмот на дејство на оваа терапија е нејасен бидејќи се смета дека хематопоетските матични клетки не придонесуваат за епителните лози. Наместо тоа, се шпекулира дека вкрстената корекција од ткивните клетки добиени од графт придонесува за забележаната клиничка корист.
Пилот студија спроведена во 2015 година сугерира дека системскиот фактор за стимулирање на колонијата на гранулоцити (G-CSF) може да промовира зголемено зараснување на раните кај луѓе со дистрофична ЕБ. Трансплантацијата на кожа добиена од генетски модифицирани матични клетки на површините на раната е проучувана со извештај за подобрувања кај едно лице.
Мониторинг Индексот на активност и лузни на болеста булозна епидермолиза (EBDASI) е систем на бодување кој објективно ја квантифицира сериозноста на болеста. EBDASI е алатка за лекарите и пациентите да ја следат тежината на болеста. Дизајниран е и да го процени одговорот на новите терапии за третман на болеста. EBDASI бил развиен и потврден од професорката Деди Мурел и нејзиниот тим од студенти и соработници во болницата Сент Џорџ, Универзитетот во Нов Јужен Велс, во Сиднеј, Австралија. Бил претставен на Меѓународниот конгрес за истражувачка дерматологија во Единбург во 2013 година, а верзијата базирана на хартија беше објавена во списанието на Американската академија за дерматологија во 2014 година.Development, reliability, and validity of a novel Epidermolysis Bullosa Disease Activity and Scarring index (EBDASI). 2014.
Прогноза Студијата од 2014 година ги класифицирала случаите во три вида - EBS, JEB и DEB - и ги прегледала нивните времиња на смрт. Првите два вида имаат тенденција да умираат во детството, а последниот во раната зрелост. Во истражувањето на 11 семејства погодени од оваа болест, недостатокот на свест за болеста од страна на јавноста и давателите на здравствени услуги покрена загриженост во врска со обезбедената грижа, како и нечувствителни коментари од страна на возрасните и малтретирање од страна на децата.
Епидемиологија Се проценува дека 20 на милион живородени деца се дијагностицирани со ЕБ, и 9 на милион луѓе во општата популација ја имаат оваа состојба. Од овие случаи, приближно 92% се EBS, 5% се DEB, 1% се JEB и 2% се некласифицирани. Честотата на носителот се движи од 1 во 333 за JEB, до 1 во 450 за DEB; честотата на носителот за EBS се претпоставува дека е многу повисока од JEB или DEB.