мини|307x307пкс|Милош тренира со ФК Сиднеј во 2014 година Милош Димитријевиќ (роден на 16 февруари 1984 година во Белград) е српски фудбалер кој последен пат играл како централен играч за врска за екипата на Сиднеј ФК во Австралиската А-лига. Покрај тоа што има српско државјанство, тој има и француско државјанство.

Клупска кариера Милош Димитриејевиќ е роден во Белград. Се преселил во Франција на 7-годишна возраст, со својот татко, кој бил познатиот фудбалер, легендата на екипите на Партизан и Динамо Загреб, Зоран „Чава“ Димитријевиќ. Набрзо Милош, во 1998 година се приклучил во младинскиот состав на клубот Нант. Тој станал професионалец во 2004 година. По Нант, играл и за тимот на Гренобл, пред да се врати во својата татковина. Во Србија настапувал за клубот на Рад, каде што се етаблирал како еден од најдобрите централни играчи од средниот ред во лигата. Тој во 2011 година за време на зимскиот преоден рок бил заминат како позајмен играч во италијанскит фудбал за тимот на Киево, но успеал да одигра само два натпревари. По оваа неуспешна меѓународна епизода, се вратил во Србија за да стане нов играч на екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Тој го добил дресот со број 7 и потпишал договор на 10 јуни 2011 година. Во април 2013 година, Милош станал слободен играч откако успеал да го прекине долгогодишниот договор, поради финансиските проблеми на клубот од Белград.

Сиднеј ФК На 16 јануари 2014 година било потврдено дека Димитријевиќ потпишал договор со клубот на Сиднеј ФК од А-лигата во Австралија. Својот прв гол за клубот го постигнал на 24 октомври 2014 година во натпреварот против екипата на Бризбејн Роар кој завршил со резултат од 2:0. Милош го постигнал вториот гол на тој натпревар.

Во таа година Димитријевиќ ги освоил сите награди на годината и станал првиот играч кој успеал да ги обедини сите три награди во една сезона.

Милош на 3 јуни 2015 година бил ослободен од обврските од клубот на Сиднеј ФК.

На 28 јули 2015 година било објавено дека Милош Димитрејивиќ повторно потпишал со клубот на Сиднеј ФК за времетраење од нови две сезони.

На 2 март 2016 година, Димитријевиќ постигнал победнички гол во 89. минута против екипата на Гуангжу Евергранде во Азиската Лига на шампиони.

На 19 октомври 2016 година, Димитријевиќ постигнал гол од слободен удар во победата на екипата на Сиднеј ФК од 3:0 на гостински терен против составот на Канбера Олимпик на стадионот Викинг Парк во ФФА Купот.

На 30 јуни 2017 година, Димитријевиќ бил ослободен од обврските во екипата на Сиднеј ФК за да може да биде посветен на своето семејство.

Меѓународна кариера Додека играл во Франција, Димитриејевиќ бил дел од репрезентацијата на Франција до 18 години. Потоа решил да игра за репрезентацијата на Србија наместо за Франција, па еднаш настапил за Србија до 21 година, па дури подоцна во ноември 2010 година бил повикан да игра за сениорскиот тим на Србија. Но, поради повредата бил принуден да го пропушти натпреварот против репрезентацијата на Бугарија.

Статистика во кариерата

Клупски настапиЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноСезонаКлубЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиФранцијаЛигашки натпревариФранцуски купЕвропскиВкупно2004–05НантЛига 111040001502005–0624121002622006–0716030001902007–08ГреноблЛига 219010002002008–09Лига 11905100241СрбијаЛигашки натпревариСрпски купЕвропскиВкупно2009–10РадСуперлига10200001022010–111450000145ИталијаЛигашки натпревариКуп на ИталијаЕвропскиВкупно2010–11Киево (како позајмен играч)Серија А20000020СрбијаЛигашки натпревариСрпски купЕвропскиВкупно2011–12Црвена ѕвездаСуперлига25150403412012–131213161213АвстралијаЛигашки натпревариФИФА КупАзискиВкупно2013–14Сиднеј ФКА лига90 - - - -902014–1528210002822015–162500021271Лигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноВкупноФранција891152001043Србија619811017911Италија20000020Австралија6221020653Вкупно во кариерата2091224312225017

Признанија

Клуб

Црвена ѕвезда Освоен е Купот на Србија (1): 2011–12

Сиднеј ФК Освоена е Премиер лигата А-лига: 2016-2017 година Победници во Првенството во А-лига: 2016–2017

Поединечни признанија

Сиднеј ФК

Клупски играч на годината: 2014–15 Играч на годината во лигата: 2014–15 Член- играч на тимот на годината: 2014–15 Најдобар тим на сезоната во А-лига ПФА: 2014–15

Интересен факт Како сличност со неговиот татко, Милош често го нарекувале Мали Чава.

Наводи

Надворешни врски Милош Димитријевиќ на lfp.fr Милош Димитријевиќ Статистика на utakmica.rs

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Француски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година