Росалинда е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 1999 година. Серијата била гледана низ целиот свет како и во нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 2002 година. Во главната улога се појавува познатата мексиканска пејачка Талија, која исто така ја испеала и насловната нумера. Исто така, оваа теленовела во Мексико ја освои наградата за најдобра теленовела во 2000 година, како и други споредни награди.
Синопсис Росалинда е работлива девојка од пониска класа. Работи во цвеќарницата на дедо Флорентино. Кога мајката на Росалинда умира, таа се сели со својот татко Хавиер, со сестрите Федра и Луси и братот Бето. Федра е себична девојка, додека пак Луси е добра како Росалинда. Бето е криминалец, лажго и крадец. Хавиер дознава дека една од трите ќерки не е негова ќерка и ја започнува истрагата. Росалинда го запознава Фернандо Хосе Алтамирано дел Кастиљо кога разнесува цвеќе во ресторанот на Херардо, пријателот на Фернандо. Тие се заљубуваат, но мајка му на Фернандо, злобната Валерија ја забранува оваа врска, бидејќи Росалинда е од сиромашна класа.
Улоги Глумци ЛиковиТалија Росалинда / ПаломаФернандо Кастиљо Фернандо Хосе Алтамирано дел КастиљоЛупита Ферер Валерија АлтамираноНора Салинас ФедраАдријана Фонсека ЛусиАнхелика Марија Соледад
ДВД Издание Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Росалинда'. Во пакетот се состоат 3 двд цедеа, со сите 80 епизоди.
Росалинда на Балканот Македонија: МТВ Телевизија Србија: Пинк Телевизија Босна и Херцеговина: БХТ1 Хрватска: Нет Словенија: Канал А Бугарија: Нова Телевизија; ТВ 7 дни; Diema Family Црна Гора: ТВ Ин
Надворешни врски Интернет теленовела база на податоци Сериалс.ру
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели