Tрем со својата висина од 1810 метри, е највисокиот врв на Сува Планина, на неговиот западен крак. Областа околу врвот е карпеста, составена од длабнатини и заливи кои се тревни на дното.
Трем, еден од највисоките врвови во Србија, важи и за најатрактивниот врв, најмногу поради тоа што северниот дел од варовничката карпа која го формира врвот има вертикален пад од 1.000 метри. Од врвот се пружа поглед на речиси на целата југоисточна Србија, вклучувајќи го масивот Стара Планина со врвот Миџор, како и на Сврљишките Планини и целото Заплање.Трем, Сува планина
Трем е и целта на најмасовната планинарска републичка акција наречена Зимско искачување на Трем. Уште една од масовните планинарски акции која се одржува долга низа години е и Ноќното искачување до Трем.
Административно масивот околу врвот, како и самиот врв припаѓаат на општина Нишка Бања.
Галерија
Поврзано
Сува Планина
Наводи
Надворешни врски
Трем Сува Планина, Трем 1810 година Највисокиот врв на Сува Планина
Категорија:Сува Планина Категорија:Планини во Србија