Огњен Ѓуричин (роден во Зрењанин, на 3 септември 1995) е српски фудбалер кој моментално игра за екипата на ИМТ. Ѓуричин почнал да игра фудбал во екипата на Јединство од Нови Бечеј. По долги години играње во помладите екипи, додека настапувал за екипите на Бечеј и Банат од Зрењанин, Ѓуричин ги одиграл првите сениорски натпревари во Војводинската лига Исток, со екипата на матичниот клуб Јединство. Потоа тој бил член на екипите на Сента, Земун и Срем од Јаков, додека во средината на 2016 година настапувал за шведскиот нисколигаш Манфоркс. По враќањето во Србија, Ѓуричин повторно се приклучил на Бечеј, првпат како сениор, а за тој клуб настапувал во 4та и 3та лига од фудбалското натпреварување. Ѓуричин бил најдобар стрелец во Војводинската лига Север во сезоната 2016/17, а за екипата на Бечеј постигнал вкупно 66 гола на 50 официјални натпревари во сите рангови на натпреварувања. На крајот на 2017 година тој бил прогласен за најдобар спортист на општината Бечеј во машка конкуренција за изминатата година.

На почетокот на 2018 година, Ѓуричин го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Спартак од Суботица, за кој многу брзо потоа го одиграл својот прв натпревар во српската Суперлига. Заедно со тимот го освоил 4-то место на табелата во сезоната 2017/18. Огњен Ѓуричин во летото истата година настапил во квалификациите за Лигата на Европа со клубот на Спартак.

Кариера

Почетоци Ѓуричин започнал да игра фудбал во Нови Бечеј, каде што се приклучил на локалниот клуб Јединство на петгодишна возраст. По неколку години минати во клубот, Ѓуричин се преселил во екипата на Бечеј, каде што поминал една сезона во пионерска конкуренција, а потоа се вратил во матичниот клуб на Јединство. Повторно настапувал во екипата на Бечеј во најквалитетната лига на Војводина во конкуренција на кадети, по што се приклучил на младинската екипа на Банат од Зрењанин. Како член на тој клуб, Ѓуричин во сезоната 2012/13 бил отстапен на матичниот клуб на Јединство од Нови Бечеј, каде што како бонус играч одиграл 23 натпревари и постигнал 3 гола во Војводинската лига Исток. На крајот на сезоната со тој клуб заземале место кое води во српската лига на Војводина. Ѓуричин го напуштил клубот и подоцна преминал во екипата Сента. Тој за екипата на Сента настапувал до крајот на календарската 2014 година. Во таа полусезона тој придонел со својата игра за пласман на клубот на првото место на табелата во српската лига Војводина за натпреварувачката 2014/15 година. На почетокот на 2015 година, Ѓуричин се преселил во екипата на Земун, каде заедно со клубот го освоил првото место во српската лига на Белград за сезоната 2014/15. По овој успех клубот на Земун се пласирал во Првата лига на Србија. На почетокот на 2016 година, Огњен играл за екипата на Срем од Јаков, како позајмен играч од екипата на Земун, но подоцна го напуштил клубот, по што заминал во Шведска и му се приклучил на нисколигашот Мунфоркс, каде постигнал 11 гола на 9 натпревари.

Бечеј Во летото 2016 година, Ѓуричин се вратил во Србија и се приклучил на тимот на Бечеј пред почетокот на новата сезона 2016/17. во Војводинската лига Север. Својот прв натпревар за клубот го имал на отворањето на сезоната, против екипата на Будуќност од Гложане. Ѓуричин ги одиграл сите 30 лигашки натпревари во текот на сезоната, постигнувајќи вкупно 45 гола, со што придонел за освојување на првото место на табелата на новиот тим и пласман на клубот во српската лига Војводина. Покрај тоа, Ѓуричин ја освоил наградата за најдобар стрелец во лигата истата таа сезона. Во сезоната тој постигнал три хет-трика, а на натпреварите против екипата на Младост од Апатин во 6то коло и клубот на Младост од Турија во 19 коло, тој постигнал дури и по 4 гола. Три гола имал постигнато против составот на Таванкут во 11 коло. Ѓуричин играл и на регионални куп натпревари под патронат на Фудбалскиот сојуз на Војводина и тоа против екипите на Војводина од Бачка Градиште, Србобран и Бачка 1901 од Суботица и екипата на Динамо од Панчево.

На крајот на сезоната, Ѓуричин привремено го напуштил клубот и заминал во Шведска, приклучувајќи се на нисколигашот Амал. По едномесечен период во клубот, тој се вратил во Бечеј пред подготовките за сезоната 2017/18 во Српската лига на Војводина. Постигнал два гола на сите четири воведни натпревари во тоа натпреварување. Подоцна постигнал гол во натпреварите против екипите на Раднички од Сремска Митровица и Бачка 1901, пред повторно да постигне два гола во натпреварот од 9 коло против екипата на Цемент од Беочин. Ѓуричин подоцна играл на натпреварот од регионалниот куп против екипата на Потисје од Кањижа, кога и постигнал еден од головите во победата на неговиот тим со резултат од 3:0. До крајот на календарската 2017 година, Ѓуричин постигнал уште 4 гола, против екипите на Братство од Пригревица, Црвена ѕвезда од Нови Сад, Младост од Бачки Јарак, и Борац од Сакул. натпреварот против Борац бил последниот натпревар од првиот дел на сезоната. Огњен Ѓуричин на крајот на годината бил избран за најдобар спортист во машка конкуренција на општината Бечеј.

Спартак Суботица Во средината на месец ноември 2017 година се појавила информација за трансфер на Ѓуричин во екипата на Спартак одСуботица. Веста ја потврдил претседателот на тој клуб, Драган Симовиќ, во изјава дадена за Спортки журнал на почетокот на наредниот месец. Ѓуричин му се приклучил на тимот на Спартак во првите денови од 2018 година, појавувајќи се на првиот состанок на тимот пред почетокот на зимските подготовки. Набргу потоа, тој постигнал гол на првиот пријателски натпревар, против екипата на ОФК Бачка од Бачка Паланка,. Ово натпревар се одиграл на 18 јануари, додека следниот ден бил официјално претставен како нов играч на клубот од Суботица. Ѓуричин во српската Суперлига за прв пат настапил во 23 то коло од натпреварувањето за сезоната 2017/18, и тоа на гостински терен против екипата на Напредак во Крушевац. Натпреварот се одиграл на 16 февруари 2018 година. Огњен влегол во игра на местото на Немања Главчиќ во 75. минута, а до крајот на натпреварот му еднаш му асистирал на соиграчот Миле Савковиќ за вториот гол на тој играч на натпреварот. Овој натпревар завршил со резултат од 4:3 во корист на домашниот тим, екипата на Напредак. Ѓуричин играл во следните кола за тимот. Против екипата на Црвена ѕвезда, бил стартер и го постигнал единствениот гол за неговиот тим во поразот од 2ː1 Овој натпревар се одиграл на 25 февруари 2018 година. По поразотод екипата на Младост од Лучани резултат 2ː0, Ѓуричин бил стрелец во следните три последователни натпревари з аекипота на Спартак и тоа против клубовоте на Земун, Раднички од Ниш и Рад. Конечно, во последното коло од регуларниот дел од сезоната, против екипата на Радник од Сурдулица, Ѓуричин постигнал гол и му асистирал на Миле Савковиќ во победата на тимот од 3:1. Во април 2018 година, Ѓуричин го потпишал својот прв професионален договор со Спартак од Суботица со важност до 2021 година години.

Својот прв натпревар во европските натпревари го одиграл во првото коло од квалификациите за Лига Европа, влегувајќи во игра во второто полувреме од натпреварот како резервен играч на местото на Бојан Чечариќ, против тимот на Колерин од Северна Ирска. Во возвратниот натпревар, против истиот противник, Ѓуричин бил во стартниот состав на екипата на Спартак. Во првиот натпревар од второто коло на истото натпреварување, Ѓуричин постигнал гол во победата на неговиот тим од 2:0 над составот на Спарта од Прага. Натпреварот се одиграл на стадионот Караѓорѓе во Нови Сад.

Војводина По елиминацијата на Спартак од квалификациите за Лига Европа, Ѓуричин преминал во екипата на новосадска Војводина. На 27 август 2018 година, тој потпишал тригодишен договор со клубот и во таа можност го задолжил бројот 23 на својот дрес. Својот прв официјален натпревар за екипата на Војводина го имал неколку дена подоцна, на 2 септември истата година, постигнувајќи го единствениот гол за неговиот тим во поразот со 4:1 од составот на Црвена ѕвезда. Ѓуричин го постигнал својот втор гол за Војводина во натпреварот од осминафиналето на Купот на Србија, против екипата на Синѓелиќ од Белград. На почетокот на следната година, Ѓуричин ги поминал зимските подготовки со екипата на Војводина, под водство на тренерот Радован Кривокапиќ. На пријателскиот натпревар против тимот на Заглебје од Лубин, тој во 3 минута бил единствениот стрелец во минималната победа на својот тим, додека во 50 минута. бил исклучен поради неправилен старт над противничкиот играч. Ѓуричин го постигнал својот трет гол за Војводина, во официјалните натпревари во четвртфиналето на Купот на Србија, во поразот на тимот од екипата на Раднички Ниш на стадионот Чаир со резултат од 2:1. По репрезентативната пауза во март 2019 година, Ѓуричин ги пропуштил преостанатите натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната поради повреда. По заздравувањето од повредата, Ѓуричин се вратил во составот за натпреварот од 3 коло од плеј-оф против екипата на Младост во Лучани. За тој натпревар Огњен бил во стартниот состав на својот тим, а на полувремето бил заменет од соиграчот Дејан Зукиќ.

По враќањето на тренерот Ненад Лалатовиќ на клупата на екипата на Војводина, Ѓуричин се нашол на конечниот список на играчи за летните подготовки во Словенија. На првиот пријателски натпревар против екипата на Брежице, Ѓуричин постигнал четири гола во победата на неговиот тим со резултат од 8:1. Подоцна, играл на преостанатите подготвителни натпревари, против екипите на Триглав, Кршко односно Горица, кога постигнал уште еден гол за својот тим. Пред почетокот на сезоната, Ѓуричин, го заменил дотогашниот број на дресот со новиот број 80. Иако пред крајот на подготовките тој доживеал повреда на бутниот мускул, сепак се нашол во стартниот состав на неговиот тим на отворањето на сезоната 2019/20. во српската Суперлига, против екипата на Мачва од Шабац. На тој натпревар настапил до 62. минута, кога на теренот бил заменет од соиграчот Дејан Зукиќ. Во второто коло од новото српско првенство, на гостувањето во Крушевац кај тимот на Напредак, Ѓуричин го постигнал првиот од двата гола на неговиот тим во победата од 2:0. Набргу потоа, Ѓуричин бил предупреден од страна на судијта за соблекувањето на дресот при прославата за постинатиот гол. Една седмица подоцна, Ѓуричин постигнал гол и во натпреварот од третото коло против екипата на Рад, Наредниот натпревар против екипата на Радник во Сурдулица го пропуштил поради проблеми со предната ложа. Ѓуричин го постигнал својот трет гол во сезонава, во шестото коло, во минимална победа против градскиот ривал Пролетер од Нови Сад. Во натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија, остварил асистенција за првиот од четирите гола на неговиот тим, на гостувањето кај Златибор во Чајетин. Тој бил стрелец на единствениот гол за тимот на Војводина на пријателскиот натпревар против составот на Бреша, одигран во истоимениот град во Италија. Овој натпревар се одиграл во паузата во месец октомври поради репрезентативниот натпревар. Во натпревар од 13. коло од српската Суперлига, Ѓуричин му асистирал на соиграчот Петар Бојиќ за вториот гол на екипата на Војводина во нерешениот натпревар со тимот на Јавор од Ивањица.