Фазил Ахмет-пашина џамија или Црна џамија — османлиска џамија во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија. Ова единствената преостаната џамија во градот.

Џамијата е сместена на левиот брјаг на Вардар, во маалото Црна Џамија наречено по неа. Изградена е од големиот везир Ќопрулу Фазил Ахмед-паша во 1659 годинаFAZIL AHMED PASHA MOSQUE откако му починала единствената ќерка. Пашата ја подигнал џамијата до гробот на девојката, и според преданието од тага наредил да се изгради од црн камен, од каде доаѓа и нејзиното име. Денес градбата е малтерисана бело.

Поврзано Велешко муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Велес Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Велес Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Велешкото муфтиство