Мирко Иваниќ (роден во Бачки Јарак, 13 септември 1993) е фудбалер, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска и моментално настапува за составот на Црвена ѕвезда.
Клупска кариера Првите фудбалски чекори Иваниќ ги осознал во тимот на Младост од Бачки Јарак и како 12-годишник се преселил во екипата на Војводина. Ги поминал сите помлади категории на Војводина, а првиот договор со овој клуб го потпишал во 2012 година, додека тренер на екипата бил Златомир Загорчиќ. Пред неговиот прв натпревар за Војводина, тој ја поминал сезоната како позајмен играч на тимот на Пролетер од Нови Сад, каде што настапувал во сезоната 2012/13. За новиот клуб во Првата лига на Србија, одиграл 24 натпревари и постигнал пет гола.
Во летото 2013 година, тој се приклучил на екипата на Војводина и првиот настап го имал кај тренерот Марко Николиќ во квалификацискиот натпревар за Лигата на Европа против составот на Хонвед. Новосадскиот клуб го победил натпреварот со резултат од 2:0. Подоцна бил вратен во составот на Пролетер, каде го одиграл првиот дел од сезоната 2013/14 во Првата лига на Србија (15 натпревари, 6 гола). Зимата, 2014 година се вратил во составот на Војводина. Тимот го презел Бранко Бабиќ, кој му дал можност на Иваниќ да дебитира во српската Суперлига. Клубот од Нови Сад таа сезона го освоила Купот на Србија, што бил прв трофеј за Иваниќ во сениорскиот фудбал.
Во летото 2014 година Зоран Мариќ станал тренер на екипата на Војводина, а Иваниќ еден од клучните фудбалери на тимот од Нови Сад. Во сезоната 2014/15, одиграл 26 натпревари во Суперлигата и постигнал 10 голови. Откако Мариќ си заминал од тренерската функција, клубот повторно го водел најпрво Загорчиќ, а потоа и Ненад Лалатовиќ. Иваниќ бил стандарден кај сите тренери. Во текот на есенскиот дел од сезоната 2015/16 одиграл вкупно 20 натпревари во Суперлигата и постигнал 8 голови. Добрите игри во дресот на Војводина не останале незабележани, па затоа во текот на зимскиот преоден рок во сезоната 2015/16 екипите на Партизан и Црвена ѕвезда Но, тогаш тој изјавил дека не сака да се пресели во некој од „вечните ривали“, туку дека негова желба е да замине да игра во странство.
На почетокот на февруари 2016 година, тој потпишал договор со составот на БАТЕ Борисов. Овој клуб на Војводина ѝ платил еден милион евра обесштетување, па така Иваниќ станал најскапо платениот играч во историјата на белорускиот фудбал. Следните три години ги поминал во составот на БАТЕ Борисов. Иваниќ, во сите натпреварувања постигнал 33 гола на 126 натпревари за белорускиот клуб, постигнувајќи и 23 асистенции. Освоил три последователни титули во првенството на Белорусија.
Во февруари 2019 година. Иваниќ се префрлил да игра во составот на Црвена ѕвезда.
Репрезентација Во март 2015 година, Мирко Иваниќ за прв пат настапил за младата репрезентација на Србија во пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Италија. Тој бил дел од популарните „орли“ на Европското првенство до 21 година одржано во 2015 година во Чешка. Но, со одлука на тренерот тој не влегол во игра.
Во текот на 2017 година Мирко решил да ја прифати поканата и да игра за сениорската репрезентација на Црна Гора.
Статистика
Клупска статистика
+Натпревари и голови во различни клубови во различни сезони КлубСезонаЛигашки натпревариНационален купЕвропаДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПролетер од Нови Сад (како позајмен играч)2012/13Прва лига на Србија24510——2552013/1415610——166Вкупно391120——4111Војводина2012/13Српска Суперлига000000—002013/141022010—1322014/1526102021—30112015/162082082—3010Вкупно562060113—7323БАТЕ Борисов2016 годинаПремиер лига на Белорусија2665160113882017 година274521241145112018 година25765112104314Вкупно78171682963212633Црвена ѕвезда2018/19Српска Суперлига14142——1832019/2019221100—3132020/21331651103—48202021/2221910124—3413Вкупно8728124327—13139Вкупно во кариерата262773612721632373107 Репрезентација Црна Гора Години Натпревари Голови 2017 година 5 0 2018 година 8 1 2019 година. 2 0 Вкупно 15 1 Голови за репрезентацијата # Датум Место Противник Гол Резултат Тип на натпревар 1. 27 март 2018 година Подгорица, Црна ГораТурција 1:2 2 : 2 Пријателски
Трофеи, награди и признанија
Екипни награди Војводина
Освоен Купот на Србија: 2013/14 год .
БАТЕ Борисов
Освоено е Првенството на Белорусија (3): 2016, 2017, 2018 година. Освоен е Суперкупот на Белорусија (2): 2016, 2017 година
Црвена ѕвезда
Освоена е Српската Суперлига (3): 2018/19, 2019/20, 2020/21. Освоен е Купот на Србија: 2020/21.
Поединечни награди и признанија
Награда „Бора Костиќ“ за најдобар стрелец на Црвена ѕвезда во сезоната 2020/21. Најдобар фудбалер на Црвена ѕвезда во 2021 година избрана од обожавателите на клубот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Црногорски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година