Основно училиште „Симче Настевски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Симче Настевски“ - Долно Орашје; скратено: ПООУ „Симче Настевски“) — подрачно основно училиште во селото Долно Орашје, составен дел на истоименото училиште во селото Вратница, Општина Јегуновце.
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Симче Настевски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на Долно Орашје, кое е составен дел на селото Орашје.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на албански наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Јегуновце Долно Орашје Категорија:Орашје