мини|Смотра на Луфтвафе, 1937 година|лево мини|276x276пкс| Херман Геринг, првиот врховен командант на Луфтвафе (на функција: 1935-1945) мини|301x301пкс| Роберт Ритер фон Грајм, вториот и последен врховен командант на Луфтвафе (на функција: април-мај 1945 г. Луфтвафе (германски:Luftwaffe) било името на военото воздухопловство на германскиот Вермахт пред и за време на Втората светска војна. Военото воздухопловство на Германското Царство (Луфтштрајткрефте) било распуштено во мај 1920 година според одредбите од Версајскиот договор од 1919 година, според кои на Германија ѝ се забранува да поседува воздушни сили.

Со доаѓањето на нацистичката партија на власт (во 1933 година) и отфрлањето на Версајскиот договор, на 26 февруари 1935 било објавено постоењето на Луфтвафе, две недели пред отворено да се отфрли Версајскиот договор со објавувањето повторно вооружување на Германија и регрутирање на војска (16 март 1935). Легијата Кондор, одред на Луфтвафе, кој бил испратен да им помогне на националистичките сили во Шпанската граѓанска војна, им обезбедил на силите полигон за тестирање за нови тактики и авиони. Делумно како резултат на ова борбено искуство, Луфтвафе станал еден од најсофистицираните, технолошки најнапредните и најискусни во борбени воздухопловни сили во светот кога избувнала Втората светска војна во 1939 година.

По поразот на Германија, Луфтвафе бил распуштен во 1946 година. Луфтвафе имал само двајца врховни команданти во текот на својата историја: Херман Геринг и подоцна генералфелдмаршал Роберт Ритер фон Грејм во последните две недели од војната.

Луфтвафе бил вклучен во нацистичките воени злосторства. До крајот на војната, голем процент од произведените авиони потекнувале од концентрационите логори, индустрија која вработувала десетици илјади затвореници..Побарувачката на труд за потребите на Луфтвафе била една од причините за протерување и убиство на стотици илјади унгарски Евреи во 1944 година. Оберкомандо дер Луфтвафе (врховниот командант) вршел нацистички експерименти со луѓе, а копнените трупи на Луфтвафе извршиле масакри во Италија, Грција и Полска.

Историја мини| Манфред фон Рихтхофен со другите членови на Јаста 11, 1917 година како дел од Луфтштрајткрефте|лево Воздухопловната служба на Царската германска армија е основана во 1910 година под името Воздухопловни сили на германското Царство (Die Fliegertruppen des deutschen Kaiserreiches), најчесто викани само „Воздухопловни сили“ (Fliegertruppe). Во 1916 биле преименувани во Луфтштрајткрефте (Luftstreitkräfte). По поразот на Германија во Првата светска војна, според условите на Версајскиот договор службата била распуштена на 8 мај 1920 година, а исто така се наложувало уништување на сите германски воени авиони.

Бидејќи Версајскиот договор ѝ забранил на Германија да има воздухопловство, германските пилоти се обучувале во тајност. Првично се користеле училишта за цивилно воздухопловство во Германија, а подоцна за да ги обучи своите пилоти со најновите борбени авиони, Германија побарала помош од Советскиот Сојуз, кој исто така бил изолиран во Европа. Во 1924 година, била основана тајна воздухопловна база во Липецк која работела приближно девет години, при што биле користени претежно холандски и советски авиони за обука. Воздухопловната база се затворила во 1933 година. Оваа база била официјално позната како 4-та ескадрила на 40-тото крило на Црвената армија. Стотици пилоти и технички персонал на Луфтвафе ги посетувале, студирале и биле обучени во училиштата на советските воздухопловни сили на неколку места во Централна Русија. Ресинг, Блуме, Фосе, Тетсеман, Хајни, Макрацки, Блумендат и многу други идни асови на Луфтвафе биле обучени во Русија во заеднички руско-германски училишта кои биле формирани под покровителство на Ернст Август Кестринг.

Првите чекори за формирање на Луфтвафе биле преземени само неколку месеци откако Адолф Хитлер дошол на власт. Херман Геринг, ас од Првата светска војна, станал Национален комесар за авијација, а поранешниот директор на Луфт Ханза, Ерхард Милх, бил негов заменик. Во април 1933 година било формирано Министерство за воздухопловство на Рајхот (Reichsluftfahrtministerium или RLM). Министерството било задолжено за развој и производство на авиони. Геринг имал апсолутна контрола над сите аспекти од авијацијата. На 15 мај 1933 година, сите воени воздухопловни организации во Министерството биле споени, со што се создавал Луфтвафе. Националсоцијалистичкиот авиокорпус (Nationalsozialistisches Fliegerkorps или NSFK) бил формиран во 1937 година за да им обезбеди предвоена воздухопловна обука на младинците и за да ангажира возрасни спортски авијатичари во нацистичкото движење. Геринг одиграл водечка улога во формирањето на Луфтвафе од 1933 до 1936 година, но по 1936 година не учествувал во развојот на силите, а Милч станал министер во 1937 година.

Хелмут Вилберг исто така одиграл важна улога во развојот на германската воздушна доктрина. Тој бил на чело на воздухопловниот персонал на Рајхсвер осум години во 1920-тите. Поради своето искуство бил идеален за висока позиција во штабот. Геринг размислувал да го постави Вилберг за началник на Генералштабот (CS). Но се испоставило дека Вилберг по мајка е Евреин, и на можел да биде началник. Сепак, Геринг се погрижил расните закони на Третиот Рајх да не важат за него. Вилберг останал во воздухопловството, а под команда на Валтер Вефер помогнал нацртот на доктрината на Луфтвафе, „Однесување во воздухопловна војна" и "Регулатива 16".

Подготовка за војна: 1933–1939

Веферовите години, 1933-1936 десно|мини| Волтер Вефер, началник на Генералштабот на Луфтвафе, 1933-1936 Германскиот офицерски корпус сакал да развие способности за стратешко бомбардирање против непријателите. Германските воздухопловни теоретичари продолжиле да развиваат стратешки теории, но акцентот се ставал на поддршката на армијата, бидејќи Германија била континентална сила и се очекувало да се соочи со копнена офанзива по објавувањето на војна од непријателите.

Во декември 1934 година, началникот на Генералштабот на Луфтвафе, Валтер Вефер барал од доктрината на Луфтвафе да се создава стратешки план. Во 1935 година била изготвена „Регулатива 16 на Луфтвафе: Водење на војна од воздух“. Во предлогот, се заклучува дека: „Мисија на Луфтвафе е да им служи на овие цели“.

Сепак, Вефер ја препознал важноста на стратешкото бомбардирање. Во новововедената доктрина, Водење на воздухопловна војна во 1935 година, Вефер ја отфрлил теоријата на Духе и навел пет клучни точки за авио стратегијата: Да се уништи непријателската авијација со бомбардирање на нејзините бази и фабрики за авиони и поразување на непријателските воздушни сили кои напаѓаат германски цели. Да се спречи движење на големите непријателски копнени сили до значајни области преку уништување на железници и патишта, особено мостови и тунели, кои се неопходни за движење и логистика на силите Да ги поддржува операциите на армиските формации, кои не зависат од железничките пруги, т.е. оклопните сили и моторизираните сили, преку попречување на непријателското напредување и директно учество во копнени операции. Да се поддржат поморските операции со напаѓање поморски бази, заштита на поморските бази на Германија и директно учество во поморски битки Да се парализираат непријателските вооружени сили со запирање на производството во фабриките за вооружување.По прераната смрт на Волтер Вефер во јуни 1936 година во авионска несреќа до крајот на 1930-тите Луфтвафе немал јасна цел.

Промена на насоката, 1936–37 По смртта на Вевер, Геринг за свој наследник го назначил Алберт Кеселринг, а Ернст Удет го поставил на чело на Техничката канцеларија на Министерството за воздухопловство на Рајхот (Technisches Amt), иако тој не бил технички експерт. И покрај тоа Удет помогнал да се промени тактичката насока на Луфтвафе преку создавање на брзи бомбардери кои би ги уништиле воздухопловните сили на непријателот во борбена зона, наместо практиката на бомбардирање на индустрии кои се занимаваат со производство поврзано со воздухопловство.

лево|мини| Ернст Удет. Заедно со Алберт Кеселринг, Удет бил одговорен за воспоставување на дизајнерскиот тренд на германските авиони. Фокусот на Удет бил на воздушните сили за тактичка поддршка на армијата

Германската програма за вооружување се соочувала со тешкотии при набавка на суровини. Германија увезувала најголем дел од своите основни материјали за обнова на Луфтвафе, најмногу гума и алуминиум. Врховната команда на Вермахтот (OKW), во 1938 наредила намалување на суровините и челикот што се користат за производство на оружје. Имало значителни намалувања: 30% челик, 20% бакар, 47% алуминиум и 14% гума. Во вакви околности, Милх, Удет или Кеселринг и да сакале не можеле да произведат солидна опрема за стратешко бомбардирање.

Мобилизација, 1938–1941 година Летото 1939 година, Луфтвафе располагал со 373.000 војници (208.000 воздухопловци, 107.000 во против воздушната одбрана и 58.000 војници за врска). Поседувал 4.201 оперативен авион: 1.191 бомбардери, 361 пикирачки бомбардери, 788 ловци, 431 тешки ловци и 488 транспортери. И покрај недостатоците, тоа била моќна сила.

Луфтвафе, во следниот период ги проширил програмите за обука на авијатичари за 42%, и биле создадени 63 школи за летање. Објектите биле преместени во источна Германија, за да се подалеку од можните напади на сојузниците. Екипажот се зголемил за 31%, и достигнал бројка од 4.727. Брзањето за што поскоро проширување имало своја цена, во обуката погинале 997 луѓе, а други 700 биле ранети. Во несреќите биле уништени 946 авиони. Обуката ја завршиле 3941 воздухопловци, а вкупниот персонал на Луфтвафе достигнал 2,2 милиони.

Во април и мај 1941 година, Удет ја предводел делегацијата на Луфтвафе која требало да провери дали советската авиоиндустрија е во согласност со пактот Молотов-Рибентроп. Удет го информирал Геринг „дека советските воздухопловни сили се многу силни и технички напредни“. Геринг одлучил да не му го пренесе тоа на Хитлер, со надеж дека ненадејниот напад брзо ќе ја уништи СССР."Боевые операции люфтваффе", Москва 2008 г., изд. Удет сфатил дека војна против Русија може да биде кобна за Германија. Удет, растргнат помеѓу вистината и лојалноста, доживеал психолошки слом, а се обидел да му ја каже вистината на Хитлер, но Геринг на Хитлер му рекол дека Удет лаже.Who is who in the Third Reich (Кто был кто в Третьем рейхе. Биографический энциклопедический словарь. М., 2003)

Персонал Моќта на Луфтвафе есента 1941 година Сили Кадровска сила Пилоти 500.000 Противвоздушни единици 500.000 Единици за врска 250.000 Градежни единици 150.000 Ландстурм (милициски) единици 36.000 Извор:

Пролетта 1939 година во Луфтвафе служеле 370.000 луѓе. По мобилизацијата во 1939 година, овој број се зголемил на 900.000 луѓе, а непосредно пред операцијата Барбароса во 1941 година, персоналот достигнал 1,5 милиони луѓе. Луфтвафе својот врв во кадровска сила го достигнал во периодот од ноември 1943 до јуни 1944 година, кога броеле скоро три милиони униформирани војници. Во октомври 1944 година, противвоздушните единици имале 600.000 војници и 530.000 помошници.

Шпанската граѓанска војна мини| Урнатините на Герника, 1937 година Легијата Кондор составена од војници на Луфтвафе ја тестирал новата доктрина и авионите за време на Шпанската граѓанска војна. Таа ѝ помогнала на Фалангата под водство на Франциско Франко да ги порази републиканските сили. Повеќе од 20.000 германски воздухопловци стекнале борбено искуство што ќе биде важна предност на Луфтвафе во Втората светска војна. Луфтвафе го извршил бомбардирањето на Герника во Баскија. Бомбардирањето на Герника и Мадрид било пропратено со многу цивилни жртви и бран протести во демократските држави. Дури во 1942 година, Германците почнале да развиваат политика на бомбардирање каде што цивилите биле примарни цели, иако при бомбардирањето на Лондон и многу други британски градови имало неселективно бомбардирање на цивилни подрачја.

Втора светска војна