Дојрански амам — поранешен амам во селото Стар Дојран. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.
Местоположба
Амамот се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на саат-кулата. Денес, до нејзе води улицата „Никола Карев“ и е сместен меѓу куќи.
Градба
Бањата е поделена на два дела — машки и женски. Се снабдувал со вода преку керамички цевки од место на 2 километри западно од Дојран. Се греела во посебна просторија и оттаму течела во чешмите.
Историја
Амамот не се знае кога е подигнат, но се говори дека работела секој ден до 1916 година кога била разрушена.
Срушена е заедно со поголемиот дел од стариот град Дојран во 1916 година за време на Првата светска војна. Денес, останал само дел од неа.
Конзервација
Во 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на стариот амам и Саат-кулата, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, амамот бил пуштен во употреба.
Амамот бил вратен во првобитната состојба и бил поврзан со патеки со самата саат-кула.
Сепак, состојбата од 2023 година покажува неуреден терен околу самиот амам.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Дојран
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Знаменитости во Дојран Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Поранешни бањи во Македонија Категорија:Урнатини во Македонија