мини|Милош Миловановиќ Милош Миловановиќ (Краљево, 9 декември 1987) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Младост од Нови Сад.

Првите сениорски настапи на Миловановиќ биле поврзани со екипата на Трајал од Крушевац. Подоцна настапувал како играч во екипата на Копаоник од Брус. Накратко се вратил во Трстеник, односно во неговиот матичен клуб Прва Петолетка, а потоа во летото 2011 година имал успешна проба во клубот на Слога од Краљево. Во тој клуб настапувал стандардни три сезони во Првата лига на Србија и бил стрелец на вкупно три гола. Подоцна ја освоил истата лига со составот на Радник од Сурдулица, во сезоната 2014/15. Во таа сезона тој изведувал слободни удари и пенали за клубот, па така бил и стрелец на неколку голови. Откако соиграчот Љубо Баранин го напуштил клубот на Радник, Миловановиќ ја презел улогата да дофрлува долги топки од страничните аут линии. Во екипата на Радник минал пет години и успеал да одигра трицифрен број на натпревари. Повремено ја носел и капитенската лента. Иако во текот на кариерата главно настапувал на позицијата како лев бек на некои натпревари бил и прекомандуван во средината на одбраната. Подоцна на таа позиција продолжил да настапува во екипата на Напредак од Крушевац.

Кариера

Почетна кариера Миловановиќ е роден во градот Краљево, а пораснал во Трстеник, каде што ги поминал помладите категории во составот на Првата петолетка. Тој исто така го носел дресот на екипата на Борац од Чачак, и како сениор најпрвин играл во Крушевац, за тимот на Трајал, Во сезоната 2005/06 заедно со тимот го освоил првото место на табелата во Поморавската зона и се квалификувале во српската лига Исток. Во текот на сезоната 2007/08 одиграл 22 натпревари и постигнал 2 гола и по тој параметар бил меѓу најстандардните фудбалери во тимот. По крајот на сезоната клубот испаднал од лигата, а Миловановиќ подоцна му се приклучил на составот на Копаоник од Брус. Во тој тим, станал еден од највлијателните играчи во наредниот период и во првиот дел од сезоната 2009/10 на 8 натпревари постигнал 4 гола. За време на зимската пауза во сезоната 2010/11, Миловановиќ заедно со неговиот соиграч Владимир Симовиќ, го напуштиле клубот и се вратиле во родниот град Трстеник. На крајот на сезоната тој заминал на пробен период во екипата на Слога од Краљево.

Слога од Краљево По пробниот период што го минал за време на летните подготовки, заедно со останатите првотимци, Миловановиќ се приклучил на екипата на Слога од Краљево пред почетокот на сезоната 2011/12. Во тој период екипата на Слога се натпреварувала во Првата лига на Србија. Со доаѓањето на Миловановиќ клубот на Слога ја обезбедил позицијата лев бек, која претходно ја заземал Александар Гојковиќ, а која останала празна по неговото заминување во клубот на Слобода од Ужице. Својот прв официјален натпревар го имал на отворањето на сезоната, на 13 август, кога екипата на Слога била поразена од составот на Синѓелиќ од Ниш. Во текот на сезоната се наметнал во составот на новиот тим и заедно со голманот Александар Божовиќ до крајот на првиот дел бил во стартниот состав. Миловановиќ постигнал и еден гол, и тоа на гостувањето кај екипата на Инѓија, во 12 коло од Првата лига. Во продолжението од првенството пропуштил само два натпревара. Првиот натпревар на кој отсуствувал бил против екипата на Банат од Зрењанин, а вториот против клубот на Раднички во Сомбор, што било последица на четвртиот жолт картон кој претходно му бил покажан на натпреварот против екипата на Чукарички. Во својата прва сезона во клубот, тој одиграл вкупно 32 натпревари во првата лига, колку што имале само и капитенот на екипата Бобан Димитровиќ и соиграчот Немања Милетиќ. И двајцата биле негови соиграчи во одбранбениот дел на теренот.

Бидејќи Миловановиќ немал соодветна замена на левата страна, екипата Слога во текот на летото 2012 година го донела играчот Душан Младеновиќ од нишкиот клуб Синѓелиќ. На отворањето на новата сезона, екипата на Слога одиграла натпревар без голови со составот на Колубара во Лазаревац. Миловановиќ бил заменет на полувремето поради полесна повреда на ногата. Наредниот натпревар бил против екипата на Борац од Чачак. Тој го започнал натпреварот од клупата за резервни фудбалери. Сепак, поради повредата на играчот Душан Младеновиќ во 20 минута, Миловановиќ го одиграл остатокот од тој натпревар и тоа на позицијата на лев бек. Уште неколку пати влегувал во игра како резервен играч во првиот дел од сезоната, додека во вториот дел од сезоната бил стандарден. Трипати отсуствувал од протоколот на екипата поради добиени жолти парни картони. Покрај 28 лигашки натпревари, тој одиграл и на натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија на гостински терен со екипата на ОФК Белград на Младинскиот стадион.

Со доаѓањето на Вељко Доведан за шеф на стручниот штаб на екипата на Слога, тимот во текот на есенскиот дел од сезоната 2013/14 имал забележителни резултати и зимската пауза ја дочекал на 2ро место на табелата од Првата лига. Миловановиќ бил дел од стартната екипа од почетокот на сезоната, односно од натпреварот со екипата на Јединство Путеви во Ужице. Покрај максималната минутажа во лигата, Миловановиќ во првиот дел од сезоната го одиграл и натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија со новосадска Војводина. Својот прв гол го постигнал во 10 коло против екипата на Смедерево, додека во остатокот од сезоната реализирал и против составот на Бежанија. Сезоната ја завршил со 26 лигашки и 1 куп натпревар. Поради немање финансиска поддршка, екипата на Слога во 2014 година отпуштил поголем дел од претходниот играчки кадар, а Миловановиќ истата година ја променил средината.

Радник од Сурдулица Пред почетокот на сезоната 2014/15, Миловановиќ се преселил во екипата на Радник, заедно со неговиот поранешен соиграч Јован Јовановиќ и Бојан Шејиќ, кој претходно, исто така, бил голман на екипата на Слога, но кој дошол во клубот од Сурдулица нешто порано, истото лето. Миловановиќ прв пат за екипата на Радник заиграл на отворањето на сезоната, кога натпреварот со екипата на Пролетер одигран на стадионот Слана Бара завршил без голови. Веќе во наредното коло, тој постигнал еден од головите за својот тим, на домашен терен во победата од 4:0 над составот на Колубара. Миловановиќ постигнал гол и во третото коло од слободен удар, кога натпреварот во Ужице помеѓу домашниот состав на Јединство Путеви и Радник завршил со резултат 0:2. Тој го постигнал својот трет гол сезоната во 10 коло, совладувајќи го поранешниот чувар на мрежата на екипата на Радник, Душан Пулетиќ, за победа од 2:1 над екипата на БСК Борча. Според известувачот весникот Врањски, Миловановиќ бил избран за најдобар играч на натпреварот. На почетокот на вториот дел од сезоната, Миловановиќ бил стрелец во минималната победа над екипата на Пролетер. Тој го постигнал голот од пенал, по направениот прекршок на гостинскиот голман Немања Бузаџија над домашниот напаѓач Јовановиќ. Тој постигнал гол од пенал на гостински терен кај екипата на Слобода во Ужице, На истиот дуел 15 минути пред крајот на натпреварот поради втор жолт картон бил исклучен од игра. Две кола пред крајот на натпреварувањето, Радник го обезбедил местото во српската Суперлига. Подоцна во претпоследното коло од сезоната, Миловановиќ бил стрелец во нерешениот резултат 1:1 со екипата на Слога во Петровац на Млав. На крајот на сезоната, клубот на Радник го победил составот на Металац од Горњи Милановац со резултат од 4:0, по што на тимот му бил доделен трофејот наменет за првопласираната екипа од Првата лига на Србија. По Бојан Шејиќ и Милош Крстиќ, Миловановиќ бил трет најкористен фудбалер на теренот на екипата на Радник во текот на сезоната. Постигнал вкупно 6 гола на 27 натпревари. Во шеснаесетфиналето на Купот на Србија не бил дел од натпреварот со екипата на Спартак од Суботица, кога екипата на Радник била елиминирана од понатамошното натпреварување во таа сезона.

Во највисокото ниво на фудбалско натпреварување во Србија, Миловановиќ за прв пат настапил и против екипата на Спартак од Суботица, на 18 јули 2015 година. Натпреварот завршил без голови, а во извештајот се наведувало дека Миловановиќ ја пропуштил можноста неговиот тим да победи на крајот на натпреварот. Во наредните две кола се запишал во евиденцијата за асистенции. Најпрво учествувал во акцијата против екипата на Војводина при првиот гол на Радник во Супер лигата, кога стрелец бил соиграчот Славиша Стојановиќ, а потоа учествувал и во голот на Милан Ќулум, кој бил единствен во поразот од екипата на Рад со резултат од 4:1. Пеналот на Миловановиќ во 9 коло против екипата на Чукарички го одбранил чуварот на мрежата на домашната екипа Немања Стевановиќ. Во 19 коло, против екипата на Борац во Чачак, Миловановиќ не играл поради суспензија од пар на жолти картони. Тој остварил уште една асистенција против екипата на ОФК Белград во 20 коло кога ја испратил топката од аут линијата кон соиграчот Ќулум, а тој ја спровел во мрежата. Во извештајот на списанието Спорт, Миловановиќ бил оценет како играч на натпреварот од 25 коло на средбата на екипата на Радник со составот на Металац. Со 2634 минути во 30 одиграни натпревари, Миловановиќ поминал најмногу време на теренот веднаш по соиграчот Марко Путинчанин.

Во текот на сезоната 2016/17 година Миловановиќ настапувал на сите позиции во одбраната на клубот. Поради отсуството на Александар Гојковиќ од составот на Радник, Миловановиќ како стопер го започнал натпреварот од 12 коло од Суперлигата против екипата на Нови Пазар. На тој натпревар го постигнал својот прв гол во сезоната. Бидејќи ниту еден од двајцата десни бекови во тимот, Синиша Младеновиќ и Предраг Ѓорѓевиќ во 14 коло не насатапувале против екипата на Партизан, на таа позиција настапил Миловановиќ. Во таква можност тој асистирал на соиграчот Игор Златановиќ за единствениот гол на екипата на Радник на натпреварот кој завршил со резултат 1:3. Во 21 коло во натпреварот против екипата на Црвена ѕвезда, Миловановиќ настапувал како капитен на својот тим. И на тој натпревар бил на позицијата како стопер. Во 25 минута од тој натпревар Миловановиќ направил пенал, по прекршокот над гостинскиот играч Срѓан Плавшиќ. Истиот го реализирал играчот Душан Анѓелковиќ. Милованович направил прекршок за пенал и врз Бојан Остојиќ, од клубот на Партизан во 29 коло. Успешен реализатор бил играчот на црно - белите Урош Ѓурѓевиќ за конечен резултат од 2:1. До крајот на сезоната, Миловановиќ постигнал голови уште на два последователни натпревари. Првиот во 32 коло против екипата на Спартак и вториот во 33 коло против составот на Рад. По воведните три кола од сезоната 2017/18 во кој бил стартер, Миловановиќ против составот на Црвена ѕвезда го заменил повредениот Александар Гојковиќ во 71 минута. На истиот натпревар и самиот заработил повреда на задната ложа поради која отсуствувал од терените во наредниот период. Тој го постигнал единствениот гол во сезоната во 29 коло за минимална победа над екипата на Јавор од Ивањица. Во летото 2018 година, Миловановиќ го продолжил договорот за период од една година. Во текот на сезоната 2018/19 постигнал вкупно 3 гола. Стрелец бил против екипата на Раднички од Ниш, а ја погодил мрежата и против составот на Напредак од Крушевац. На крајот на сезоната, тој го напуштил клубот како слободен играч по цели 5 сезони минати во Радник. На Миловановиќ му било доделено признание за неговиот придонес во клубот, како и награда врамен дрес со бројот 3.

Напредак од Крушевац