Трка околу Фландрија 2020 — 104. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 18 октомври како дваесетти настан во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала во Антверпен и завршила во Ауденарде, Белгија, протегајќи се на 241 километар. Матје ван дер Пул од Холандија ја освоил трката пред Белгиецот Ваут ван Ерт.

Трката првично била закажана да се одржи на 5 април 2020 година како 14. настан во сезоната на Светска турнеја, но била одложена поради пандемијата на КОВИД-19 На 17 март 2020 година организаторите на трката објавиле дека трката нема да се одржи на планираниот датум; на 5 мај била повторно закажана за 18 октомври. Машката трка била малку намалена во растојание поради непредвидениот крај на сезоната и со цел да одговори на интензивниот октомвриски распоред.

Екипи

Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Фландрија Категорија:Светска турнеја на UCI 2020 Категорија:Белгија во 2020 година