Бургаското Езеро () или Ваја (Вая) ― езеро кое се наоѓа во близина на Црното Море западно од градот Бургас, е најголемото природно езеро во Бугарија, со површина од 27,6 км 2, должина од 9,6 км и ширина од 2,5 до 5 км. Длабочина е до 34 м.

Водите на езерото содржат релативно малку сол (околу 4-11‰). Бургаското Езеро е населено со широк спектар на видови, вклучувајќи 23 риби, 60 безрбетници и 254 видови птици (од кои 61 се загрозени во Бугарија и 9 во светот).

Бургаското Езеро, како важен резервоар за производство на риби во минатото, изгубило голем дел од своето економско значење по изградбата на петрохемиската фабрика во близина на градот, но било сведок на зголемен број на видови и намалување на загадувањето во последниве години. н|мини| Рафинеријата Нефточим гледана од другиот брег на езерото.

Наводи

Категорија:Езера во Бугарија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Бургаски Езера