Грофчански мост (наречен и Гровчански мост) — историски камен мост преку Кратовска Река. во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.

Мостот е изграден на почетокот на XVIII век од богатото кратовско семејство Грофчански, кое се доселило од Мала Азија. Се наоѓа на околу 70 метри од Чаршискиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по градската чаршија. Сместен е меѓу Чаршискиот и Сарајскиот мост и ја поврзува Ајдучката чаршија со десниот брег на Кратовска Река. Грофчанскиот мост е една од главните патни артерии во градот. Долг е 30 м, широк е 4 м и се издига на висина од 8 м. Изграден е од камен и има два свода. Големиот свод има димензии од 6 × 9,20 м, а малиот е голем 0,80 × 2 м.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Кратово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мостови во Кратово Категорија:Знаменитости во Кратово Категорија:Камени мостови