Лесја Украинка (укр. Леся Українка) (25 февруари 1871 – 13 август 1913) е позната украинска писателка. Нејзиното вистинско име е Лариса Петривна Косач-Квитка (укр. Лариса Петрівна Косач-Квітка).

Родена е во Новоград-Волински (Новоград-Волинський), во тоа време во состав на Руската Империја. Нејзината мајка е Олга Драгоманова, украинска писателка позната под псевдонимот Олена Пчилка (Олена Пчілка)

Книжевно творештво Поезија:

«На крилах пісень» (1893) «Думи і мрії» (1899) «Відгуки» (1902) «Contra spem spero» (1890) «Невільничі пісні» (1895)

Драматургија:

«Одержима» (1901) «Кассандра» (1907) «У катакомбах» (1905) «Лісова пісня» (1911) «Камінний господар» (1912)

Ликот на Лесја Украинка thumb|left|150px|Советска поштенска марка со ликот на Лесја Украинка

Во времето на СССР, ликот на Лесја Украинка е претставен на советските поштенски марки. Сега ликот на Лесја Украинка е претставен на украинската банкнота од 200 грн.

Врски Споменик на Лесја Украинка во Торонто, Канада

Категорија:Украински писатели Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Починати во 1913 година