Куќа на Даскаловци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Историја
Куќата е изградена во 1910 година. Му припаѓала на два брата од старото семејство Даскаловци кои биле терзии, изработувајќи висококвалитетни народни носии. Татко им и останатите браќа биле меѓународно познати градители.
лево|мини|Чардакот.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 6 февруари 2012 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Градбата е кромна по големина. Приземјето е изработено од камен, зарамнето со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците со капаци има сводесто украсување од тули. На приземјето била работилницата за носии и дуќанот за продажба. Катот е изѕидан од полна тула и има дрвени прозорци исто така сводесто украсени од полна тула. На овој кат биле просториите за живеење.
Меѓукатната и покривната конструкција е направена од костенови греди. Покривот е повеќеводен со ќерамиди ставени врз платно од штици. Од костеново дрво е изработено и скалиштето кое ги поврзува приземјето и катот, а костенови се и сите внатрешни врати. На катот има средишно сместен затворен чардак, еркерно издаден на дрвени греди со украсување конкретно за ова село, наречено „вевчански кучиња“. Со вакви украси се и дрвените покривни градбени греди, кои со дрвени даски ја образуваат стреата.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Вевчани
Наводи
Даскаловци Категорија:Појавено во 1910 година во Македонија Категорија:Појавено во 1910 година во Отоманското Царство Категорија:Згради и градби завршени во 1910 година Даскаловци