Зора (Anthocharis cardamines) е пеперутка од видот белци, кој пак опфаќа над 1100 врсти на пеперутки. Оваа пеперуга ја има во скоро цела Европа, вклучително и Македонија, како и умерени предели на Азија. Кај мажјаците се забележува јасна портокалова нијанса, што е карактеристичо за оваа пеперуга.
Мажјаците и женките живеат во различни предели. Мажјаците се наоѓаат покрај шуми, а женките во ливади. Изворот на искраха е разновиден.
Парењето најчесто е контролирано од женките. Женките може да употребат различни сигнали со нивниот абдомен кога се приближуваат на мажјак.
Опис Горната страна на крилјата на мажјаците е бела во централниот дел, која преминува во портокалова и завршува со темнокафени врвови со црни рабови. Телото е црно, а антените црно-бели. Долната страна на крилјата ја има портокаловата нијанса, но остатокот од крилјата е мозаик од бели и маслинесто-зелени шари. Има и жолта нијанска покрај телото.
Женката е различна на горната страна на крилјата. Наместо портокалова нијанса, се забележува кремаста боја. Врвовите на крилјата се црни со бели дамки. Долната страна е слична како и кај мажјаците, но нема портокалова боја.Cott, Hugh (1940). Adaptive Coloration in Animals. pp. 74–75.
Исхрана Женките се хранат си сите растенија кои се наоѓаат во околината каде живеат, меѓу кои со: Lathyrus montanus Viola canina Viola riviniana Geranium robertianum Viola tricolor Capsella bursa-pastoris Lychnis flos-cuculi
Подвидови A. c. cardamines (Linnaeus, 1758) A. c. meridionalis (Verity, 1908) Anthocharis cardamines phoenissa (Kalchberg 1805) A. c. alexandra (Hemming, 1933) A. c. isshikii
Поврзано Список на пеперутки во Македонија
Наводи
Надворешни врски Пеперутки во ОК
Категорија:Белци (пеперутки) Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј