Љубов и омраза е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 2002 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 телевизија.
Синопсис Октавио Виљареал му е внук на газдата на вилата „Виљареал“, г-н Фернандо, кој живее во Мајами и кој е скаран со својот чичко. Меѓутоа фактот што г. Фернандо е болен и што сака за последен пат да го види својот внук ќе го натера Октавио да се врати во вилата во која порано живеел. Но, Октавио нема да стигне на време, а г. Фернандо нема да може лично да му ја пренесе пораката што ја има за него бидејќи ќе почине. Тој тоа ќе и го препушти на Ана Кристина. Во родното место Октавио ќе ја запознае Ана Кристина во која веднаш ќе се заљуби, но на почетокот нема да сака да го признае тоа. Тој е убеден дека Ана Кристина му била љубовница на чичко му Фернандо. Ана Кристина живее со својот дедо, Мануел, кој многу ја сака и кој и вели да не ги слуша злобниците кои шират лаги за неа. И Ана Кристина ќе се заљуби во Октавио, но и таа нема да признае поради навредите што ќе ги слушне од Октавио.
Улоги Глумци ЛиковиСузана Гонсалес Ана КристинаЦезар Евора ОктавиоСабин Моусиер ФридаМарија Сорте Марија МагдаленаМарга Лопес Дона ХосефаАлберто Естрела Марсијал
Љубов и омраза на Балканот Македонија: А1 Телевизија Србија: Пинк Телевизија Босна и Херцеговина: Пинк БХ Хрватска: Нова ТВ Словенија: ПОП Тв Бугарија: ЕК Црна Гора: Тв ИН
Надворешни врски Интернет теленовела база на податоци html Сериалс.ру
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели