Кантонска кула (кинески:广州塔), официјално ТВ астрономска и кула и видиковец Гуангџоу (кинески:广州电视台天文及观光塔) - повеќенаменска кула висока 604 метраво Хајџу во Гуангџоу. Кулата била завршена во 2009 година и била ставена во функција на 29 септември 2010 година за Азиските игри во 2010 година. Кулата накратко ја имала титулата највисока кула на светот, заменувајќи ја кулата CN, пред да биде надмината од Токиското небесно дрво. Таа била највисоката градба во Кина до завршувањето на Шангајската кула на 3 август 2013 година, а сега е втора највисока кула и четврта највисока самостојна градба во светот.
Име и негово потекло Имало долга дискусија за името на Кантонската кула од почетокот на нејзината изградба во 2005 година, по церемонијата на поставување на камен темелник. Во септември 2020 година, на барање на инвеститорот на кулата, Гуангџоу дејли објавил конкурс за предлози за име. Конкурсот привлекол над валидни пријави, а првата награда го добил предлогот „Кула Хајксин“ (кинески „Кула во морето“). Името алудира на историската средина на градот како почеток на поморскиот пат на свилата и географската близина на кулата до островот Хаиксинша. Меѓутоа, ова име се сметало за нејасно за луѓето кои не биле запознаени со историјата на градот. Локалните жители продолжиле да ја нарекуваат кулата со различни прекари.
Името било повторно разгледано во 2010 година. По истражувањето на широк опфат на јавно мислење, било одлучено „Кантонска кула“ да биде официјално име на англиски јазик и истото било објавено на крајот на септември 2010 година. Новото англиско име, кое алудира на просперитетното минато на градот, се сметало дека најмногу го идентификува истотот и е најмалку двосмислено меѓу мноштвото предлози.
Историја Кантонската кула била изградена од Гуангџоу Новата телевизиска кула група. Била дизајнирана од холандските архитекти Марк Хемел и Барбара Куит од „Информатичко заснована архитектура“, заедно со „Аруп“, меѓународната консултантска фирма за дизајн, инженерство и бизнис со седиште во Лондон, Обединетото Кралство. Во 2004 година, „Информатичко заснованата архитектура“ и „Аруп“ победиле на меѓународниот конкурс, на кој учествувале многу меѓународни големи архитектонски канцеларии. Истата година, тимот на ИЗА– Аруп во Амстердам го развил концептниот дизајн на кулата. Во подоцнежните фази, ИЗА соработувала главно со локалната кинеска канцеларија на Аруп и Локалниот институт за дизајн. Следствено, во 2005 година, почнале да се копаат темелите за Кантонската кула.
Кулата, иако нецелосно завршена, била отворена за јавноста на 1 октомври 2010 година на време за 16. Азиски игри, чиј домаќин бил Гуангџоу во ноември 2010 година. Опсерваторијата на покривот конечно била официјално била отворена во декември 2011 година.
Структура и конструкција Извиениот облик или хиперболоидната структура на Кантонската кула одговара на патентот на Руското Царство бр. 1896 од 12 март 1899 година, кој го добил Владимир Шухов, руски инженер и архитект. Структурата е слична на светилникот Аџиогол (дизајниран од Владимир Шухов во 1910 година) во делтата на Днепар во Украина.Hyperboloid Adziogol Lighthouse by Vladimir Shukhov in Ukraine
Структурен концепт лево|мини|240x240пкс| Кулата во изградба во ноември 2007 година. Кулата е дизајнирана од Инфомрациско заснована архитектура и Аруп. Тимот на Аруп предводен од градежниот инженер проф. д-р Џуп Пол вовел речиси масовно прилагодување на дизајнот на зглобот, во комбинација со параметарски методи на дизајнирање и применил едноставен структурен концепт од три елементи: столбови, прстени и потпирачи, на оваа посложена геометрија.
„Струкот“ на кулата содржи отворено шеталиште на 180 метри каде посетителите можат физички да се искачат на кулата. Има градини поставени во структурата, а на врвот, нешто над 450 метри, голема посматрачница на отворено.
Внатрешноста на кулата е поделена на програмски зони со различни функции, вклучувајќи објекти за ТВ и радио пренос, посматрачници, ротирачки ресторани, компјутерски игри, ресторани, изложбени простори, конференциски сали, продавници и 4Д кина.
Палубата во основата на кулата ја крие функционалната работа на кулата. Сите инфраструктурни врски – метро и автобуски станици – се сместени под земја. Ова ниво вклучува и изложбени простори, комерцијален простор, паркинг простор за автомобили и автобуси. Постојат два вида лифтови: панорамски спори и двокатни многу брзи.
Зоната од 80 до 170 метри се состои од 4D кино, простор за играње, ресторани, кафулиња и градини со чајџилници. Највисоките и најдолгите скалила под отворено небо во светот, „Небесна прошетка“, започнуваат на висина од 170 метра и одат нагоре скоро 170 метри, сè до „струкот“. Делови од подот на скалилата се изработени од проѕирно стакло. мини| Поглед на Бисерна Река од Кантонската кула Најгорната зона на кулата започнува над скалите, и тука се сместени различни технички функции, како и двокатен ротирачки ресторан, инерциони амортизер и горните посматрачници. Од горните нивоа на набљудување можно е качување уште повисоко, преку дополнителни скали, до терасовидна квадратна посматрачница што се издига над врвниот прстен на кулата.
Свивање Обликот, волуменот и структурата на кулата се генерирани од две елипси, едната на ниво на темелите, а другата на хоризонтална рамнина на 450 метри. Овие две елипси ротираат една во однос на друга. Затегнувањето предизвикано од ротацијата помеѓу двете елипси формира „појас“ и згуснување на материјалот на половина висина од кулата. Ова значи дека решеткаста структура, која на дното на кулата е порозна и пространа, станува погуста на ниво на „струкот“. Самиот појас станува затегнат, како усучено јаже; транспарентноста е намалена и погледите кон надвор се ограничени. Нагоре по кулата, решетката повторно се отвора, нагласена со заострувањето на структурните столбови-цевки.
Кровна посматрачница Внатрешната јавна посматрачница е на висина од 449 метри над земјата, која има облик на терасовиден елипсовиден простор, приближно половина од големината на стандардно фудбалско игралиште. Отворена во декември 2011 година, со покрив на 488 м, била највисоката и најголемата посматрачница на отворено во светот, преземајќи ја титулата од посматрачницата на Бурџ Калифа која е на 452 метри. Ова останало така до 14 октомври 2014 година, кога рекордот за највисока посматрачница на отворено бил повторно преземен од Бурџ Калифа кога ја отворила својата нова опсерваторија наречена „На врвот - небо“, на височина од 555 метри.
Шеснаесет проѕирни „кристални“ патнички лифтови, секој со пречник од 3,2 метри и може да превезува четири до шест луѓе, да патува по патека околу работ на покривот на кулата, при што им требаат меѓу 20 и 40 минути за да го обиколи кровот. Инсталацијата е опишана од медиумите како панорамско тркало; сепак, неговите патнички кабини не висат на работ на тркалото и остануваат хоризонтални без целосно да се ротираат, а патеката, која го следи наклонот на покривот, е поблиску до хоризонтала отколку до вертикала.
Дизајн на архитектонско осветлување Ноќе, кулата сјае и емитира светлина, наместо да биде осветлена. Дизајнерот на осветлување Рохир ван дер Хајде е познат по овој концепт, кој го применил и во зградата Марунучи во Токио. Секој јазол во дизајнот на осветлувањето е поединечно контролиран за да се овозможат анимации и промени во бојата по целата висина на кулата. Бидејќи целото осветлување е засновано на ЛЕД технологија, а сите уреди се наоѓаат на самата конструкција, осветлувањето троши само 15% од дозволениот максимум за фасадно осветлување.
Во времето на дизајнирањето на Кантонската кула, дизајнерот на осветлување Рохир ван дер Хајде бил водечки светски дизајнер на Аруп лајтинг.
Мерења Телото на Кантонската кула е високо 450 метри. Во комбинација со антената која е висока 150 метри, Кантонската кула достига висина од 600 метри што ја прави втора највисока кула во светот, втора највисока во Азија и највисока во Народна Република Кина. Кулата има 37 ката и 2 подземни ката.
Кантонската кула тежи вкупно 100.000 тони, вклучувајќи ја и антената која тежи 1.550 тони.
Кантонската кула зафаќа вкупна површина од 175.458 квадратни метри. Нето корисната површина на кулата изнесува 114.054 квадратни метри.
Според првичната верзија на дизајнот висината на кулата Гуангџоу била вкупно 612,2 метри (земајќи предвид и громобран со висина од 1,2 метри).
Според Бирото за урбанистичко планирање и градежниот надзор во Гуангџоу, вкупната висина на кулата во Гуангџоу е 595,71 метри, при што главната кула е висока 448,80 метри, а антената 146,91 метри. Посматрачницата се наоѓа во кулата на антената на висина од 488 метри.
Настани десно|мини|357x357пкс| Кантонската кула за време на церемонијата на отворање на Азиските игри во ноември 2010 година.
Бидејќи Гуангџоу бил избран за домаќин на Азиските игри во 2010 година, малиот остров пред кулата бил избран за место на церемониите на отворање и затворање. Кулата била избрана за главен протагонист на церемониите. Две недели пред свеченото отворање на игрите, самата кула била отворена за јавноста. Кантонската кула била домаќин на годишниот Божиќен концерт на Бадник, 24 декември 2012 година.
Географија Кантонската кула се наоѓа покрај патот Јијуен (западен пат Јијуен), во реонот Хајџу во Гуангџоу, и се наоѓа јужно од Новиот град Џуѓанг. Дополнително, неколку познати знаменитости ја опкружуваат кулата, вклучувајќи пагоди, парк на југ и повеќе висококатници, згради и облакодери, комерцијални и станбени.
Поврзано Кантонска архитектура Азиски игри 2010 година Гуангдонг Гуангџоу Список на највисоките кули во светот
Галерија
Историја на градењето
Дијаграми на највисоките кули
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница на Кантонската кула: GzTvTower.info
Категорија:Високотехнолошка архитектура Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Гуангџоу Категорија:Појавено во 2010 година Категорија:Згради и градби во Гуангџоу