Dolerus cothurnatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 80

Опис Главата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. Нозете во поголемиот дел црни, тибиите црвеникави. Абдоменот е црн во основата и задниот дел, во средината од вториот до шестиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма, и антените се подолги од абдоменот.

Ларвите достигнуваат должина од 20 мм. Главата од страните малку сплескана, со белузлав и жолт белег. Се среќаваат во текот на јуни до септември на растенија од родот на Equisetum. Презимуваат како кукли.

Возрасните единки достигнуваат должина од 7-9 мм.

Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е средна и северна Европа, Сибир, до Камчатка. Во Македонија видот се среќава во село Бојане, Скопско и Гевгелија.

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија