Јован Бошковски (Скопје, - Ерџелија, ) — македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 44.

Животопис Бошковски бил роден во Скопје, во печалбарско семејство. Уште како дете бил принуден да работи, школувајќи се во вечерните училишта. Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија од 1945 година. Работел како уредник во „Нова Македонија“, во списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“ и во издавачката куќа „Македонска книга“, а кратко време работел и во Радио Скопје и во Македонскиот народен театар.„Современост“, ноември-декември 1968, 877 стр.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51.

Творештво Неговата збирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“ (раскази, 1949), „Блокада“, „Луѓе и птици“ (раскази, 1955) и „Солунските атентатори“ (роман, 1962). Темите за своите раскази најчесто ги црпел од поновото македонско минато и од современиот живот, залагајќи се за психолошки третман на ликовите.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51. Некои од неговите дела се преведени на повеќе јазици, како: словенечки, српскохрватски, албански, унгарски, полски, украински, руски и горнолужички.

Пишувал и сценарија за играни и за документарни филмови. Неговото прво филмско сценарио е за документарниот филм „Жито за народот“ (1947). Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавил и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“ и „Републиката во пламен“.

Наводи

Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски филмски критичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски книжевни критичари Категорија:Југословенски филмски критичари Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“