Св. Атанас — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Бојанчиште, Македонија. Над североисточниот раб на селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од кршен камен. Воислав Радовановиќ известува за најдени надгробни стели со грчки натписи и огромна плоча со релјафна претстава на букранион.

Поврзано Градиште — утврдување од доцноантичкото време; Лозата — населба од доцноантичкото време; Бојанчиште; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи

Категорија:Бојанчиште