Градевица — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Ресава. Претставува некропола од доцноантичко време.

На источниот раб на селото, во нивата на Ч. Стојанов, во 1970 година е откриен гроб од камени плочи - тип циста. По површината на нивите има фрагменти од керамички садови. Откриени се и надгробни стели од црвеникав травертин со натписи на грчки јазик. Стелите се наоѓаат кај сопственикот на нивата Ч. Стојанов. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 150, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.. Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи