Марко Шќеповиќ (роден на 23 мај 1991 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Моментално настапува за екипата од кипарското првенство во составот на Омонија.
Клупска кариера
Почетна кариера Марко Шќеповиќ е роден во Белград. Настапувал во младинскиот погон на ФК Партизан, по престојот во шпанската екипа на КП Мерида и српскиот тим на ФК Рад. Својот прв натпревар како сениор го имал со екипата на ФК Телеоптик, поранешниот фармерски тим. Често постигнувал голови во својата втора сезона како сениор.
Партизан Во летото 2010 година Марко Шќеповиќ бил промовиран во првиот тим и го потпишал својот прв професионален договор. Во неговата прва сезона под раководство на тренерот Александар Станојевиќ, настапите во клубот ги делеле со соиграчите од нападот: Ламин Диара, Едуардо Пачеко и Лазар Марковиќ.
Шќеповиќ го постигнал својот прв професионален гол на 4 септември 2010 година, во победата со резултат од 2:0 на домашен терен против екипата на ФК Хајдук Кула. На 29 октомври наредната година, тој го постигнал вториот гол во победата од 3:1 против составот на ФК Смедерево. При постигнувањето на тој гол, со прстот на усните гестикулирал сакајќи да ги „замолчи“ некои од навивачите на источната трибина на стадионот на Партизан што континуирано го провоцирале за време на натпреварот. Тој, на 26 ноември постигнал гол во победата на екипата на Партизан од 2:0 во Вечното дерби против составот на Црвена ѕвезда од Белград. На тоa вечно дерби тој бил добитник на наградата „играч на натпреварот“ кој ја доделувал српскиот весник Спортал.
Аферата со трака на раката На 6 август 2013 година, откако бил назначен за капитен на екипата на Партизан во поразот на домашен терен од Лигата на шампионите на УЕФА со резултат од 0:1 од Лудогорец од Разград (вкупен пораз 1:3), водачот на навивачката група на Гробари по име Милош „Кими“ Радисављевиќ скокнал на теренот и му ја извадил капитенската лента од раката на Милош Шќеповиќ. На 7 август, скандалот станал уште поконтроверзен кога се одржувала медиумска прес конференција. Радисављевиќ тврдел за медиумите дека не му ја одзел „агресивно“ лентата од раката и дека тој и Шќеповиќ биле вистински „пријатели“.
И покрај бизарната медиумска конференција и мирното согласување и прифаќање на изјавата на Радисављевиќ од страна на Шќеповиќ, криминологот Златко Николиќ од српскиот Институт за криминалистичко и социјално истражување изразил сомневање дека прес конференцијата била организирана намерно и дека Шќеповиќ бил понижен, а можеби и му се заканувале само за да ја прифати изјавата на Радисављевиќ за вистинита. И покрај тоа што српското Министерство за внатрешни работи ветило дека ќе го истражи и расветли случајот темелно, Радисављевиќ бил ослободен по 90-минутното испрашување во полиција. За инцидентот Милутин Шошкиќ рекол: „Увезовме хулиганство од Англија, но немаме личност како Маргарет Тачер да го неутрализира истото“.
Олимпијакос На 2 септември 2013 година, Шќеповиќ потпишал четиригодишен договор со Олимпијакос, за сума од 3,5 милиони евра. На 22 февруари 2014 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата од 4:0 на гости против ОФИ Крит.
И покрај тоа што постигнаl четири гола за грчкиот тим, Шчеповиќ стартуваl само на седум натпревари во текот на целата кампања, вкупно 650 минути игра.
Мајорка (позајмица) На 20 август 2014 година, Милош Шќеповиќ бил позајмен на шпанската екипа од Сегунда дивизион, Мајорка со договор за една сезона. Како неприкосновен стартер на почетокот на сезоната, тој постигнал голови против екипите на CA Осасуна и ЦД Луго.
Терек Грозни (позајмен играч) На 25 февруари 2015 година, Шќеповиќ му се приклучил на ФК Терек од Грозни како позаjмен до крајот на сезоната 2014–15.
Ројал Мускрон - Перуелц (како позајмен играч) Во месец август 2015 година, Шќеповиќ му се приклучил на Ројал Мускрон-Перуелц како позајмен играч од составот на Олимпијакос.
Фехервар На 30 август 2016 година, тој потпишал тригодишен договор со унгарскиот Фехервар.
Чајкур Ризеспор На 30 август 2019 година, Милан Шќеповиќ потпишал тригодишен договор со турскиот клуб од Супер лигата, Чајкур Ризеспор.
Репрезентација На 12 октомври 2012 година, Шќеповиќ го одиграл својот прв натпревар за српската репрезентација во квалификациите за Светското првенство на ФИФА против селекцијата на Белгија. Шќеповиќ го започнал натпреварот и против репрезентацијата на Хрватска во квалификациите за Светското првенство на ФИФА.
Приватен живот Милан Шќеповиќ бил син на поранешниот напаѓач на Партизан, Слаѓан Шќеповиќ, и помлад брат на уште еден професионален фудбалски напаѓач, Стефан Шќеповиќ.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
КлубСезонаЛигашки натпревариНационален купКонтинентални натпревариОстанати натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиТелеоптик2009–10Српска прва лига261100——2611Партизан2010–11Српска Суперлига1963440—26102011–12942041—1552012–131762040—2362013–1400—40—40Вкупно451674161—6821ФК Олимпијакос2013–14Супер лига на Грција 13443——177Мајорка (како позајмен играч)2014–15Сегунда дивизија15610——166Терек од Грозни (како позјмен играч)2014–15Руска премиер лига10———10Мускрон(како позајмен играч)2015–16Белгиска Про лига24600——246Фехервар2016–17Немзети Бајноксаг I241313——25162017–1826102075—35172018–19271083141—49142019–2010—40—50Вкупно7833118256—11447Чајкур Ризеспор2019–20Супер Лиг10034——134Бурирам Јунајтед2020–21Тај лига 19500——95Омонија2020–21Кипарска прва дивизија16820——1882021–22173115011245Вкупно33113150114213Вкупно во кариерата25392292046711330120
Меѓународна статистика
Србија Година Натпревари Голови 2012 година 2 0 2013 година 3 0 Вкупно 5 0
Признанија
Клупски признанија Партизан Белград
Освоена е Српската Суперлига: 2010–11, 2011–12, 2012–13 Освоен е Купот на Србија: 2010–11
Олимпијакос
Освоена е Супер лигата на Грција: 2013–14
Видеотон
Освоена е првата лига на Унгарија Немзети Бајноксаг I: 2017–18 Освоен Маѓар Купот: 2018–19 (Унгарскиот куп)
Омонија
Освоена е Кипарска прва дивизија: 2020–21 Освоен е Кипарскиот Суперкуп: 2021 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Омонија Категорија:Фудбалери на ФК Терек Грозни Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година