мини|Ледека со Мартина Сабликова (лево) на Стариот градски плоштад во Прага по враќањето од Зимските олимписки игри 2018 Естер Ледецка (родена на 23 март 1995 година) е чешка сноубордерка и алпска скијачка. На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Ледецка освоила златни медали во супервелеслалом (алпско скијање) и во паралелен велеслалом во скијање на даска. Со ова таа стана првиот олимпиец кој освоил два златни медали на иста Зимска Олимпијада со користење на два различни типа опрема (скии и даска). Таа била втората жена која што освоила олимписко злато во две одделни дисциплини, но прва што го освоила на истите Зимски олимписки игри. Таа била првата Чехинка која победила на паралелниот велеслалом во сноуборд во ФИС Светскиот куп во сноуборд .
Почетоци Естер Ледецка е родена во Прага. Нејзината мајка Зузана се занимавала со уметничко лизгање а татко ѝ Јанек Ледецки, е познат музичар во Чешка и Словачка. Таа потекнува од спортско семејство: нејзиниот дедо Јан Клапач е поранешен хокеар на мраз, кој освоил седум медали на Светските првенства и две медали на олимписките игри.
Како дете започнала да се занимава до хокеј на мраз, а на четиригодишна возраст почнала да скија и подоцна го придодала и сноубордингот.
Нејзино хоби е свирење гитара и пеење. Таа исто така ужива во летните спортови како одбојка на плажа и сурфање со едрилица.
Кариера Ледецка прв пат се појавила во Светскиот куп во сезоната 2012-13, и завршила на 13-то место во дисциплината паралелен велеслалом. Во март 2013 година, на 17-годишна возраст, го освоила злато во паралелен слалом на Светското првенство за јуниори.
Во сезоната 2013-14 таа го освоила второто место во ФИС Светскиот куп во сноуборд на првиот паралелен слалом во Бад Гаштајн и третото место во втората трка. Подоцна освоила злато во Рогла во паралелен велеслалом на истото натпреварување, со што станала првата Чехинка која освоила злато. Со ова, таа станала третата Чехинка која победила на трка во сноуборд од Светскиот куп.
Пред Зимските олимписки игри 2014 таа била меѓу чешките спортисти од кои најмногу се очекувало да освои медал на игрите, заедно со Мартина Сабликова, Габриела Соукалова и сноубордерката Ева Самкова. Откако во квалификациите за алпско скијање на Зимските олимписки игри завршила на деветтото место, Чешката скијачка асоцијација се обидела да ја регистрира како натпреварувачка, но ФИС го одбила предлогот, наведувајќи дека само осум Чеси може да се натпреваруваат.
Ледецка на Зимските олимписки игри во 2014 година дебитирала на 19 февруари 2014 година во паралелен велеслалом во сноубординг. Завршила како седма во генерален пласман.
Ледецка својата кариера во сноуборд ја развивала напоредно со алпското скијање: на ФИС Светскиот куп во алпско скијање дебитирала во февруари 2016 година. Освојувала поени во Светскиот куп, натпреварувајќи се во спуст и супервелеслалом. Во 2017 година, таа станала првата спортистка која што се натпреварувала на Светски првенства и во скијање и во сноуборд, а притоа освоила злато во паралелен велеслалом и сребро во паралелен слалом на Светското првенство за скијање во слободен стил и сноуборд во Сиера Невада, Шпанија, а завршила меѓу првите 30 скијачи во спуст, супервелеслалом и алпски комбинации на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, Швајцарија.
Ледецка дебитирала во алпско скијање на Зимските олимписки игри 2018 година, а била и квалификувана за алпски сноубординг. Таму таа го освоила златниот медал во супервелеслалом, и била видно шокирана откако стигнала на целта за 0,01 секунда побрзо од бранителката на златниот медал од Олимпијадата во 2014 година, Ана Вејт. Ледецка пред Олимпијадата била рангирана на 49-тото место во таа дисциплина и никогаш не освоила медал на ниеден меѓународен скијачки настан на ниво од Светски куп. Се шпекулирало дека наводно се тркала со скии позајмени од Микаела Шифрин (и двете скијачки се спонзорирани од Атомик). Таа одбила да ги отстрани очилата за време на прес-конференцијата по нејзината победа, и рекла дека тоа е нејзиниот заштитен знак, а кога новинарите ја притиснале, рекла дека не се нашминкала зошто не се надевала дека ќе победи. По победата во паралелен велеслалом, таа станала првата спортистка која освоила златен олимписки медал во две различни дисциплини за време на исти Зимски олимписки игри (Анфиса Резцова претходно освоила злато во различни дисциплини, но не и на иста Олимпијада: крос кантри скијање во 1988 година и биатлон во 1992 и 1994 година). Ледецка била избрана за знаменосец на Чешка на церемонијата на затворање.
Во Светскиот куп во алпско скијање 2018–19, Ледецка заврши на 24-то место во поредокот за спуст и на 28-то место во супервелеслалом. Во декември 2019 година, Ледецка ја забележа својата прва победа на Светскиот куп во алпско скијање во спуст во Лејк Луиз. Во декември 2020 година, за прв пат победила на трка од Светскиот куп во супервелеслалом.
Резултати од Светскиот куп Податоците се преземени од Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Сноубординг
Сезонски титули
7 титули – (4 паралелно, 3 паралелен велеслалом)
Сезона Дисциплина 2016 Паралелен севкупно Паралелен велеслалом 2017 Паралелен севкупно 2018 Паралелен севкупно Паралелен велеслалом 2019 Паралелен севкупно Паралелен велеслалом
Пласман по сезона Сезона Возраст Паралелен севкупно Паралелен слалом Паралелен велеслалом 2013 17 15 16 15 2014 18 2 2 3 2015 19 3 8 2 2016 20 1 5 1 2017 21 1 2 3 2018 22 1 24 1 2019 23 1 13 1 2020 24 17 8 17 2021 25 23 - 13
Подиуми
20 победи – (18 паралелен велеслалом, 2 паралелен слалом) 33 подиуми – (26 паралелен велеслалом, 7 паралелен слалом)
SeasonDateLocationDisciplinePlace2013–1410 јануари 2014 Бад Гаштајн, АвстријаПаралелен слалом2-ро12 јануари 2014Паралелен слалом3то18 јануари 2014 Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во2014–159 јануари 2015 Бад Гаштајн, АвстријаПаралелен слалом1-во7 февруари 2015 Зуделфелд, ГерманијаПаралелен велеслалом1-во28 февруари 2015 Асахикава, ЈапонијаПаралелен велеслалом3-то2015–1612 декември2015 Кареца, ИталијаПаралелен велеслалом1-во23 јануари 2016 Рогла, СловенијаПаралелен велеслалом1-во30 јануари 2016 Москва, РусијаПаралелен слалом3-то27 февруари 2016 Кајзери, ТурцијаПаралелен велеслалом1-во2016–1715 декември2016 Кареца, ИталијаПаралелен велеслалом2-ро17 декември2016 Кортина д'Ампецо, ИталијаПаралелен слалом1-во28 јануари 2017 Рогла, СловенијаПаралелен велеслалом1-во5 март 2017 Кајзери, ТурцијаПаралелен велеслалом1-во18 март 2017 Винтерберг, ГерманијаПаралелен слалом2-ро2017–1814 декември2017 Кареца, ИталијаПаралелен велеслалом1-во15 декември2017 Кортина д'Ампецо, ИталијаПаралелен велеслалом1-во5 јануари 2018 Лакенхоф, АвстријаПаралелен велеслалом1-во20 јануари 2018 Рогла, СловенијаПаралелен велеслалом1-во26 јануари 2018 Банско, БугаријаПаралелен велеслалом1-во3 март 2018 Кајзери, ТурцијаПаралелен велеслалом2-ро10 март 2018 Шкуол, ШвајцаријаПаралелен велеслалом1-во2018–1913 декември2018 Кареца, ИталијаПаралелен велеслалом2-ро15 декември2018 Кортина д'Ампецо, ИталијаПаралелен велеслалом1-во16 февруари 2019 Пјонгчанг, Јужна КорејаПаралелен велеслалом1-во17 февруари 2019Паралелен велеслалом3-то23 февруари 2019 Тајната Градина, КинаПаралелен велеслалом2-ро9 март 2019 Шкуол, ШвајцаријаПаралелен велеслалом2-ро2019–2014 јануари 2020 Бад Гаштајн, АвстријаПаралелен слалом2-ро18 јануари 2020 Рогла, СловенијаПаралелен велеслалом1-во2020–2112 декември2020 Кортина д'Ампецо, ИталијаПаралелен велеслалом1-во2021–2216 декември2021 Кареца, ИталијаПаралелен велеслалом2-ро18 декември2021 Кортина д'Ампецо, ИталијаПаралелен велеслалом1-во
Алпско скијање
Пласман по сезона Сезона Возраст Севкупно Супервелеслалом Спуст Комбинација 2016 20 93 42 37 - 2017 21 77 38 34 - 2018 22 61 47 22 - 2019 23 54 28 24 - 2020 24 10 21 2 3 2021 25 10 5 4 -
Подиуми
2 победи (1 Спуст, 1 Супервелеслалом ) 6 подиуми (4 спуст, 1 супервелеслалом, 1 алпска комбинација)
Сезона Датум Локација Дисциплина Место 2019–20 6 декември 2019Лејк Луиз, Канада Спуст 1 8 февруари 2020 Гармиш Партенкирхен, Германија Спуст 3 23 февруари 2020 Кран-Монтана, Швајцарија Комбинација 3 2020–21 20 декември 2020 Вал-д'Изер, Франција Супер Г 1 22 јануари 2021 Кран-Монтана, Швајцарија Спуст 2 2021–22 22 јануари 2022 Кортина д'Ампецо, Италија Спуст 3
Резултати на Олимписки игри
3 медали – (3 злата)
Сноубординг
2 медали – (2 злата)
година Возраст Паралелнослалом Паралелновелеслалом 2014 Сочи 18 6 72018 Пјонгчанг 22 1 2022 Пекинг 26 1
алпско скијање
1 медал – (1 златен)
година Возраст Велеслалом Супер-Г 2018 Пјонгчанг 22 23 1 2022 Пекинг 26 5
Резултати од светските првенства
Сноубординг
3 медали – (2 златни, 1 сребрен)
година Возраст Паралелен слалом Паралелен велеслалом 2011 Ла Молина 15 40 33 2013 Стоунхем 17 17 16 2015 Крајшберг 19 1 5 2017 Сиера Невада 21 2 1
Алпско скијање година Возраст Спуст Супер-Г Велеслалом Слалом Комбинирани 21 21 29 37 - 20 2019 година 23 17 27 - - 15 2021 Кортина 25 4 4 - - 8
Поврзано Список на спортисти со повеќе спортови - Сноубординг Двоен спорт и мулти-спортски олимпијци Список на повеќе олимписки златни медалисти во еден настан
Наводи
Надворешни врски (како скијач на даска) (Како алпска скијачка)
Категорија:Живи луѓе Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Родени во 1995 година