Dolerus madidus е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата црна, градите црвени скутелумот црн, како и мезостернумот и делумно мезоплеурите. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете наполно црни. Абдоменот црвеникаво жолт. Кај мажјакот главата и градите црни. Антените подолги од абдоменот. Првиот и двата или трите последни тергити на абдоменот црни, другите црвеникаво жолти.
Ларвите достигнуваат должина до 25 мм. Нивната глава е жолта, без темни дамки над очите. Телото дорзално темнокафеаво, од долната страна светложолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Juncus.
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-11 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е цела Европа.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 84
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија