Бозец (дијалектно: Боз’ц; , Атира; до 1926 г. Μπόζετς, БозецΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόζετς -- Άθυρα) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.234 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес има мало македонско малцинство.

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, крај брегот на Гуменџиска Река (наречека и Бозечка) и неколку километри од десниот брег на Вардар. Лежи 6 км северно од Куфалово, 20 км јужно од Бојмица, 20 км североисточно од Постол и 22 км источно од Ениџе Вардар (Пазар).

Историја Во Отоманското Царство Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Бозец (Бозыцъ) како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Во мај 1880 г. се уапсени главешините на неколку пазарски села, и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бозец имал 1.655 жители Македонци. Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село било вратено под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бозец (Bozetz) имало 816 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103. Подоцна, под притисок на грчката пропаганда, дел од населението го примило католицизмотТрайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., во: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр. 52.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Бозец било македонско со 103 куќи.

Во селото работела македонската црква „Св. Спас“, изгорена од Турците во 1904 и обновена во 1914 г. Во селото работела прво само бугарската пропаганда со свое училиште, а по Младотурската револуција во 1908 г. се отворени и грчко училиште и цркваБабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 351-352..

Бозец уште пред Илинденското востание имало десетлчена селска чета на ВМРО, на чело со Стоян ХаџиевШалдев, Христо, „Из революционните борби в Ениджевардарско“, Илюстрация Илинден, бр. 38. По 1904 г. зачестиле борбите меѓу комитите на МРО и андартските чети. На 12 август 1906 г. андартите се одвратени по двочасовна борба, а при нападите на 16 септември 1906 г. и 13 февруари 1907 г. андартите убиле неколку деца и дејци на ВМРО. Акциите биле командувани од грчкиот заповедник Јоанис Деместихас (Капетан Никифорос) и „Барба Тасо“ (веројатно гркоманот Атанас Димов)Бабев, Иван, Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 348-350.. На 13 февруари 1907 г. 70-члена андартска чета, придружена од гркомани од Бозец, Петрово и Постол ја нападнала куќата на 70-годишниот Константин Делитанасов, убивајќи ги синот Никола и 7-годишното внуче Спасе, и ранувајќи ги другиот син Атанас, снаата Неда и нивната тригодишна ќерка Велика. Четата ја придружувале бозечките гркомани Божин Поп-Димитров и Дионис Христов и петровските гркомани Христо Калин, Мицо Карастојан и Божин Кукул, како и калуѓерот во Бозец, кој впрочем бил грчки офицер-агент.Македоно-одрински преглед, година ІІ, брой 31, София, 18 март 1907, стр. 489.

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Бозец Бугарската егзархија назначила учител, но властите не не допуштиле да се отвори бугарско училиште поради грчкото оспорување на законот во Отоманскиот парламент.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото Бозец (Μπόζιτς) имало 790 лица под егзархијата и 120 патријаршијата.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во овој период селото (Bozeč) имало 150 македонски куќи.

Во Грција мини|десно|250п|Бегалци од Бозец во логор кај Свиленград, 22 октомври 1924 г. За време на Првата балканска војна во Бозец влегле грчки војски. Притоа е уапсен кметот А. Самарџиев, неговиот помошник Никола Арабаџиев и учителот Никола Антонов, кои одбиле да ѝ ги предадат клучевите од општината и училиштето на грчката власт. На 5 март 1913 е уапсен и претепан новиот кмет М. Филев, откако во селската управа (кметството) во претрес се откриени 34 пушки.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 163 Од селото е прогонета и учителката.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 185 Во 1912 г. е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во пописот од 1913 г. Бозец (Μπόζετς) се води како село со 716 жители, од кои 345 машки и 371 женски. По Втората балканска војна во 1913 г. Бозец е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. 718 лица принудно се иселени во Бугарија. Денес речиси целото население на приморското гратче Бјала во Варненско се состои од преселници од Бозец. Бозинчани има и во Асеновград, Варна, Пловдив, Софија и Равда. Во 1926 г. селото е преименувано во Атира. На местото на иселените Македонци властите довеле голем број грчки колонисти од Источна Тракија и Понд. Во 1928 г. селото имало 1.404 жители, од кои 1.133 биле грчки дојденци. Во 1991 г. тука живееле 1.613 жители, од кои 300 Македонци, 100 Власи, а остатокот грчки дојденци.

Население

Стопанство Селото лежи во поле и голем дел од земјиштето се наводнува. Се произведуваат големи количества памук, жито, бостан и др. Сточарството е застапено со одгледување на млечни крави.

Личности Ангел Јанчев (Ангелос Јанчис, Άγγελος Γιαντσής) — гркомански андартски деец, агент од III ред Божин Кърчоков — четник во околиската чета на ВМРО, наказан от организацията през Младотурската революцияБабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 344. Ѓорѓи Димчев (1916 – 1980) — раководител на Македонското младинско националноослободително движење (1943 – 1944) и командант на 3. доброволечка дружина во Воденско во 1944 г. Георгиос Цанѕурас (Γεώργιος Τσαντζούρας) — гркомански андартски деец, агент од III ред Димитриос Георгијадис (Δημήτριος Γεωργιάδης) — гркомански учител и андартски деец, агент од III ред Димо Димчев (? – 1919) — војвода на ВМРО Емануил Димцас (Εμμανουήλ Δήμτσας) — гркомански андартски деец, агент од II ред, брат на убиениот Лазар Димцас Кољо Костадинов Делиатанасов — револуционер од ВМРОБабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 349. Младен Димчев — селски војвода на ВМРО, подоцна бегалец во БугаријаБабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 346, 349. Офил Козаров (1864 - 1945) — револуционер од ВМРО Пено Пецанов — четник во околиската чета на ВМРО, загинал во 1905 г. кај Кушиново Спас Бозечки — деец на ВМРО Стоян Хаџиев — револуционер од ВМРО Теодорос Пападимитриу (Θεόδωρος Παπαδημητρίου) — гркомански андартски деец, агент од III ред Тодор Гуганов (1868 -1953), четник во околиската чета на ВМРО Тодор Самарџиев — четник од ВМРО Тома Кехајов (1909 - 1999) — кријач на Ванчо Михајлов и Менча Крничева

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Постол