Тодор Ангеловски (, - , ), меѓу народот познат како Тошо Даскалот (псведоним Строгов), бил македонски комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загинал, односно се самоубил, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 23 јуни 1943 година.„Значајни личности од Битола“, Битола, 2007, 22-23 стр. Според други извори тој е роден на 16 јули 1908 година.
Животопис Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци. Потоа се запишал во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26 година, во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, веќе се оформил како напреден младинец. По завршувањето на образованието учителствувал во Гњиланска околија (Србија), а потоа во Македонија во селата: Карбинци, Ѓавато (1936/37 година), Ротино и Цапари (1940/41 година). Член на КПЈ бил од 1939 година.
Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 година. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од HOB во Битола и битолско од 1941 до јуни 1943 година. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“. Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 година, командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева.
Загинал на 23 јуни 1943 година. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил.
Тодор Ангеловски е главен лик во филмот „Македонски дел од пеколот“, а неговата смрт и смртта на Панде Јовчевски - Кајзеро е опеана во песната „Над село Лавци Битолско“.
Поврзано ЦОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари Веца Ангеловска - Гудова
Наводи
Литература Јован Кочанковски „Тодор Ангелевски - Строгов“, Битола, 1987. Илија Јанкуловски „Светлиот лик на учителот Тодор Ангеловски-Даскалот“ Аце Ристевски „Тодор Ангеловски-Строгов“ Панде Ташковски „Учителот и револуционер Тодор Ангеловски – Тошо Даскалот-Строгов“
Надворешни врски На денешен ден загина Тошо Даскалот АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев
Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонски општественици